Во одлуката на одборот стои дека наградата му се доделува за „…високите уметнички остварувања, особениот поетскиот израз и силината на поетскиот сензибилитет преку кој човекувањето е преточено во поетско творештво“.
„Критичарите се единствени во рецензиите кои говорат дека неговиот огромен опус од 150 дела не може да се спореди со творештвото на ниту еден жив автор во светот. Завлезен во своите осумдесет години, поетот Ун и денеска изненадува со својата творечка виталност која го држи на самиот врв на светскиот поетски интерес. „ – истакна во своето обраќање Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Признанието на Ко Ун ќе му биде доделено во август на 53-тите Струшки вечери на поезијата.
Ко Ун е роден е во 1933 во градот Гунсан, во корејската провинција Чола, во време кога земјата била под окупација на Јапонија. Поетскиот опус му е огромен, напишал повеќе од кој било корејски поет. Издал 140 книги од кои 50 се книги поезија.