Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каја Шукова го повика Орце Ѓорѓиевски на јавен дуел

0
By Marija Todorovska on September 4, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Доста беше бегање од одговорност. Доста беше глумење на ВМРО ДПМНЕ за да ја покријат сопствената нестручност и да ја лажат јавноста дека градоначалниците немаат надлежност за екоцитот Вардариште. Законот е јасен – отпадот е локална надлежност! ВМРО ДПМНЕ четири години ја игнорираа својата обврска да го решат овој проблем, рече на прес конференција кандидатката за градоначалничка на СДСМ Каја Шукова.

Таа истакна дека градоначалниците се директно одговорни за: Управување со комуналниот и комерцијалниот отпад, јавната чистота и расчистување на напуштен отпад, донесување мерки и акти за селекција, транспорт и контрола на отпадот, реализација на проекти за подобрување на состојбата со отпадот и задолжителна соработка со други општини и Градот Скопје.
Орце Ѓоргиевски и ВМРО ДПМНЕ или го немаат прочитано законот за управување со отпад, или свесно го игнорира за да ја префрлат вината кога јас бев министер за животна средина. Тоа само зборува колку Ѓоргиевски е неук, а сака да раководи со Скопје, потенцираше Шукова.
Таа рече дека граѓаните имаат право да знаат зошто Вардариште денес изгледа како црна еколошка дупка. Отворена депонија и чести пожари на таа локација според неа се резултат резултат на неработата на градот, на неспособноста на ВМРО ДПМНЕ и Данела Арсовска.
Јас и СДСМ знаме како да го решиме Вардариште. Итно оградување и 24-часовен надзор на Вардариште, со расчистување и забрана за пристап. Потоа следи изградба на затворена, еколошка претоварна станица со систем за селекција, контрола и транспарентност. Вардариште ќе стане функционална, безбедна локација – а не еко-бомба под прозорите на скопјани, рече на прес конференцијата Шукова.
Таа го повика Орце Ѓеорѓиевски на јавен дуел пред граѓаните.
Нека ги донесе сите негови „аргументи“ дека од Вардариште ќе направи парк. Јас ќе ги донесам фактите, законите и резултатите. Граѓаните ќе судат кој има решение, а кој има само празни ветувања и пропаганда, рече Шукова.
Каја Шукова орце георѓиевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.