Гулијаш Гергели кој е министeр и шеф на Кабинет на унгарскиот премиер Орбан вели дека Груевски легално ја напуштил Мaкедонија, иако нема пасош.
„Тој легално ја напуштил земјата, но без пасош. Тоа е легално бидејќи на Балканот тој може да се движи со лична карта. Унгарската Влада не му помогнала на никаков начин“ рече Гулијаш Гергели.
Гергели рече дека екс премиерот Груевски аплицирал за азил во унгарско претставништво,надвор од Македонија, а поради безбедносни причини е одлучено, Груевски да не биде сослушуван во транзитната зона туку во Канцеларијата за азил во Будимпешта.
Гергели Гулијаш одби да каже во која држава се наоѓала амбасадата во која Груевски го побарал азилот.
Тој ги демантира и пишувањата во некои медиуми дека Груевски престојува во земјата како гостин на премиерот Орбан. Гулијаш тврди дека Груевски и Орбан воопшто не се сретнале досега.