Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент штотуку го одложи усвојувањето на извештајот за Македонија, чијшто автор е британскиот социјалист Ричард Ховит.
Причина за ова одложување на парламентарната резолуција е кризата во Македонија.
На повеќе патувања во Македонија, Ховит не успеа да најде јазик на разбирање во земјата за излез од кризата.
„Во Македонија допатуваа Ховит, во повеќе наврати заедно со директорот на Генералната дирекција за проширување Санино, а комесарот Филе ја откажа својата посета во Скопје. Тоа значи дека Македонија брзо тоне“, вели за НОВА пратеникот Јелко Кацин.
За време на дебатата на ЕП на својот Фејсбук профил Кацин коментираше дека премиерот Никола Груевски го оставил на цедило известувачот Ховит кој вложил огромен труд да направи извештај за земјата.
Во меѓувреме се случија пет рунди на дијалог меѓу Косово и Србија, а во Македонија нема комуникација помеѓу политички опоненти, вели Кацин на неговиот ФБ профил.
До Македонија од пратениците на ЕП е испратено предупредување дека од неа се очекува да направи исчекор во EУ.