НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде се разминуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставникот на власта советникот за Евроинтеграции и главен технички преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, денеска треба да се сретнат за да разговараат за законот за јавно обвинителство. Според последните информации од двата табора се уште не е договорен точниот термин на средбата, но уверуваат дека до неа ќе дојде.

Високи извори од опозицијата за Нова ТВ велат дека им даваат шанси на преговорите и се оптимисти дека на крајот, сепак, може да се изнајде решение. Пред состанокот на кој треба да се одреди и динамиката на разговорите тие посочуваат на неколку основни забелешки што ги имаат во однос и на третата верзија од нацрт-законот што им го испрати власта, која според нив, не е видно изменета.

Она што и досега гласно го кажуваа од Белата палата е дека ВМРО-ДПМНЕ е против тоа тимот на СЈО зад кои, како што велат, останаа прилично многу контроверзи да биде удомен на некој начин во тимот на обвинителката на организиран криминал, Вилма Русковска, во која тие гледаат нова Катица Јанева.

Во предлог-законот меѓудругото стои дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема надлежностите од СЈО. Во рок од 30 дена од влегувањето во сила на овој закон, Советот на јавните обвинители по предлог на шефот на  Обвинителството за организиран криминал ќе донесе одлука за зголемување на бројот на јавните обвинители во ова Обвинителство.

Интенцијата во тој дел, како што коментираа одредени експерти за медиумите, е поранешните обвинители на СЈО да конкурираат токму за огласот кој би бил распишан и на овој начин да се задржи континуитетот на истрагите и предметите кои ги работеше СЈО.

„Моментно не е завршен процесот на прибирање ставови од голем број експерти, по што и официјално ќе излеземе со нашите забелешки. Но ако гледате концепциски тој дел и идентичен со претходниот предлог и таа забeлешка по логиката на нештата останува“, велат извори од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив најпроблематични во разговорите ќе бидат членовите во преодните и завршните одредби, односно оние што предвидуваат Собранието да ги селектира обвинителите, како и, според нив, барањето од опозицијата за легализирање на предметите на СЈО покренати по 17 јуни 2017 година.

„Еден од предлозите е Собранието практично да се претвори во Совет на јавни обвинители, што е класично мешање на законодавната власт во работата на судската власт. Советот на јавни обвинител е тој кој објавува огалси, делегира, кажува кој јавен обвинител каде треба да биде поставен согласно потребата. Крајно нелогично е да велиш дека се залагаш за сериозна поделба на властите, а со закон да ги овластиш партиите и Собранието да делегираат обвинители. Фали уште сега да ги напишеме имињата. Тоа е спротивно и на она што го бара Европа“, вели нашиот соговорник.

Другиот дел се однесува, како што вели тој, на противзаконските постапки што ги има отпочнато СЈО по 30 јуни 2017, што според СДСМ, пак, претставува обид на опозицијата да ги спаси своите функционери од казна за сторениот криминал.

„Постапките ги презеде Јавното обвинителство и тие си течат. Сега од нас се бара она што се нарекува „ексанте“ – отпосле да го легализираме она што е направено. Тоа не може да го прифатиме. Постапките нека си течат до крај. Тие лица против кои се водат судски постпаки може на крајот ќе бидат осудени, но да им овозможиме шанса да ја побараат правдата пред Европскиот суд за човекови права, доколку сметаат дека им било повредено правото. Однсно да не им ги ускратиме правните лекови што им стојат на располагање“, појаснува соговорникот.

Според него недозволиво е со закон да се навлезе во материја на тековна судска постапка. „Не е работа на политичките партии и на Собранието со закон да регулира конкретни судски постапки кои се веќе во тек“, вели тој.

Во верзијата на предлог-законот начинот на избор и разрешување на Државниот јавен обвинител останува како и досега. Собранието распишува оглас, Советот на јавни обвинители дава мислење за кандидатите, Владата од тие за кои има позитивно мислење избира еден и го предлага до Собранието каде што се гласа. Собранието и го разрешува Јавниот обвинител ако има потреба за такво нешто. ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на предизборното ветување на СДСМ дека опозицијата треба да го номинира Јавниот обвинител до неодамна се противеше на ваквото законско решение, но подоцна се откажа, што значи дека истиот модел на избор и натаму ќе остане во сила.

Засега нема најави дека деновиве може да се одржи и лидерска средба. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција во партиското седиште вчера изјави дека преговара за дво-третинско мнозинство за законот за јавно обвинителство и дека носењето на Законот би било силна алатка за отпочнување преговори со Европската Унија.

„Ќе се обидам прво со осумтемина пратеници, бидејќи тие гласаа за ЕУ и НАТО, а ова е потребно за ЕУ. Спремни сме за флексибилност се до таму до каде е дозволено. Не сакаме Закон за кој ќе не критикува Европската Унија“, нагласи претседателот на владејачката СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, пред два дена посочи дека нема намера да губи време на средба. Таа би можела да се случи, како што наведе, ако има доближување на ставовите на работните групи.

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го разгледува текстот на предлог-законот за Јавно обвинителство. Велат дека ставот че го изгрдат до крајот на неделава. Нола Исмајлоска Старова, која е дел од оваа група, за Нова ТВ деновиве коментираше во свое име.

„Јас би гласала за секое решение кое е правично. Последниот текст го разгледавме. Во некои од решенијата имаше прифатени забелешки од двете поголеми политички партии, но секоја од нив сега си прави сопствен маркетинг“, вели Исмајлоска – Старова. Иако роковите се кратки, таа, сепак, смета дека законот може да биде донесен.

Законот за јавно обвинителство повторно се ифрли на површина откако минатата недела за време на еднодневната посета на Скопје еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, рече дека тој е реформски приоритет кој треба да го реши овој собраниски состав пред предвремените парламентарни избори во април. Него како приоритет деновиве го посочи и францускиот амбасадор во Скопје, Христијан Тимоние.

ВМРО Закон за Јавно обвинителство СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.