Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кафеанското царство на глупоста

0
By Биљана Секуловска on May 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е навистина една голема кафеанска држава. Во неа царува вирусот на глупоста, кој е далеку поопасен и поубиствен од оној на Корона.

Погледнете ги само сликите и снимките од кафеаните, после прогласениот крај на Короната. Не е крај, велите? Ова не е крај на Корона вирусот, точно, но кому тоа сега му е важно. Крај во оваа држава никогаш нема. Особено на глупоста, таа е вечна во оваа држава.

Глупоста е таа што царува, пред се. Немоќта на власта е таа што не може да прогласи крај на таа глупост, на ова безумие, на царството на лудилото.

Глупоста секогаш чини глава. Глупоста како вртелешка ги меле главите на носителите на таа глупост. За тоа време, сите останати стојат ничкум, паднати на колена од глупоста.

Додека на другиот крај од градот луѓето се борат за живот, закачени на респиратори, на вентилатори, на икнубација, на сламка, висат на тенка жица, на вратот им се оптегнал свилен гајтан за да преживеат. Глупоста која се устоличи на тронот ги разјадува нивните последни надежи дека навистина ќе ја надживеат глупоста.

Глупоста секако дека на крај и ќе не дотолчи. Глупоста бара да и се дава уште, бескрајно уште повеќе глупост, таа никогаш не е наситна, таа се храни од размножувањето на вирусот на глупоста.

Одеднаш, некои од функционерите изразуваат разочарување од глупоста, трауматизирани и шокирани од сликите на луѓето после отворањето на кафеаните. Чулев е разочаран што глупоста ја води полицијата, инспекторите се разочарани, што не знаат дека постојат закони за глупоста.

Како што не постоеја закони во оваа држава за црквите и џамиите, сега и кафеаните бараат свое царство на глупоста.

Вирусот на глупоста се гушка со тие луѓе без зрнце свест, ги качува на масите да ја прослават сопствената глупост, ги стркалува и ги треснува на земја од пијанството на истата таа глупост.

Нека не се разочарува Филипче од моќта на глупоста во оваа земја. Нека не се разочаруваат ниту сите оние доктори, болничари, сестри, кои бдеат преморени до крај на издржливост над сите болни во оваа епидемија, која не го распарчува само најважното- животите, здравјето на луѓето. Доволно ја уништува и надежта за пристоен живот, со сите последици од економските турбуленции, премногу ја подрива функционалноста на самата држава.

Глупоста секогаш го наоѓа својот пат. Во оваа земја таа ни е качена на главите, таа е нашиот најважен сопатник, од неа не можеме да се ослободиме. Глупоста е нашето царство се додека молчиме за неа.

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.