Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кафето на праг да стане луксуз – Цените растат, потрошувачката опаѓа

0
By Marija Todorovska on December 28, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И во земјава се чувствува поскапувањето на кафето. Годинава, цената се менуваше повеќе пати, а за да им биде што подостапно на граѓаните, кафето не ретко се продава на акција. Во моментов, пакување на „турско кафе“ од 200 грама чини околу 80 до 120 денари, па и повеќе. 

Мирјана Чакарова

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година, е прашањето што се наметна по низата информации во светски рамки дека производителите се потешко доаѓаат до суровина, а компаниите кои вршат преработка и продажба се соочуваат со зголемени трошоци.

Според најновите истражувања, зголемените трошоци за набавка на кафе, како резултат на климатските промени, ги потикнуваат компаниите да се адаптираат на новата економска реалност која е обременета со високи цени на зрната кафе и логистички проблеми.

Глобалните залихи се исцрпуваат поради екстремните временски услови. Експертите предвидуваат дека жетвата на арабиката во Бразил може да падне за над 10 отсто, додека родот на робуста во Виетнам може да се намали до 10 проценти до крајот на 2025 година.

Берзанските аналитичари смируваат, велат дека цената на кафето се очекува да расте и во 2025 година, но со намалено темпо. Наскоро се очекува и стабилизарање на пазарот, имајќи го предвид енормниот раст во 2024 година.

И во земјава се чувствува поскапувањето на кафето. Годинава, цената се менуваше повеќе пати, а за да им биде што подостапно на граѓаните, кафето не ретко се продава на акција. Во моментов, пакување на „турско кафе“ од 200 грама чини околу 80 до 120 денари, па и повеќе.

– Речиси при секое влегување во маркет, забележувам поскапување на кафето. Обично купувам кога е на акција, а гледам и пакувањето да биде поголемо, со оние неколку грама „гратис“ означени на амбалажата. Во овој период, сметам дека е зголемена потрошувачката зашто кафето се подарува скоро секојдневно, ако се земат предвид сегашните и претстојните празници, вели за МИА потрошувач од Скопје.

Додава и дека купува кафиња кои се продаваат „во пакет“, по две, со кој следува и подарок, како и дека ако „начека“ поевтино, купува повеќе за да се најде.

Според Илија Миновски, ЦЕО во РИО ДООЕЛ – Илинден, цената на суровото кафе моментно е зголемена за повеќе од 70 отсто во однос на почетокот на    годината.

– Се соочуваме со предизвици во однос на снабдувањето со суровина, поради драстичното зголемување на цените на кафето на берза, кое енормно е во постојан раст со што се достигнува рекордно ниво на висина на цената на кафето. Исто така, глобалните залихи на кафе се ограничени (поради климатските промени и сушата, проблеми со транспортот,  глобалната криза,..), значи намалена понуда, а цените се зголемуваат со самото зголемување на побарувачката. Како компанија, бележиме зголемени производните трошоци поради зголемената цена на основната суровина, вели Миновски за МИА.

Негова оценка е дека во овие услови, на речиси постојани поскапувања на храната, цените на кафето не може да бидат стабилни.

– Цените не може да бидат стабилни, зашто кафето е берзански производ и моментно неговата цена е во постојан пораст. Ние како производители на кафе, мораме да ги зголемиме малопродажните цени, иако покачувањето на нашата цена е минимално во однос на условите кои ги диктира светската берза, истакнува Миновски.

Тој нагласува дека продажбата е во опаѓање во однос на претходните години, но се уште е на добро ниво со оглед на тоа што пазарот го бара и го сака турското кафе.

– Се надеваме на стабилизација на берзата. Но, моментната состојба на берзата и информациите што ги имаме укажуваат дека нема да се намали цената или стабилизира за брзо време, дециден е Миновски.

Според „World of Statistics“, земјава лани беше на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно. Податоците велат дека пиеме по два милиона кафиња дневно или околу 730 – 800 милиони годишно.

Се смета дека во светот дневно се пијат по три милијарди шолји кафе. Најголеми консументи се земјите од ЕУ со 46,8 милиони вреќи (од по 60 килограми) годишно што е 28,1 отсто од глобалната потрошувачка. На САД отпаѓаат 16,1 процент со 26,9 вреќи, а на трето место е Бразил со 22,9 милиони вреќи или 13,7 отсто. Потоа следуваат Германија со 5,7 отсто, Јапонија со 4,7 отсто, Индонезија со 3,3 проценти, Франција со 3,2 отсто, Италија со 3,1 процент, Русија со 2,9 отсто и Канада со 2,4 проценти.

Според податоците на Меѓународната организација за кафе од 2020 година, 10 земји се најголеми производители. Предничат Бразил со 37,4 отсто од вкупната светска продукција или 63,4 милиони вреќи (од по 60 килограми) и Виетнам со 17,1 процент или 29 милиони вреќи. Потоа следуваат: Колумбија со 14,3 отсто, Индонезија со 7,1, Етиопија со 4,3, Хондурас со 3,6, Индија со 3,4, Уганда со 3,3, Мексико со 2,4 и Перу со 2,2 отсто од вкупната продукција. Во останатиот дел од светот се произведуваат 18,4 милиони вреќи или околу 15 отсто од вкупната продукција.

Во светот се евидентирани околу 12,5 милиони фарми за кафе, а 95 отсто до нив се помали од пет хектари. Скоро половината се во Етиопија, 2,2 милиона, во Уганда, 1,8 милиони и во Индонезиа, 1,3 милиони. Виетнам, Бурунди, Кенија и Колумбија имаат по 500 000 мали производители. Малите производители се р’бетот на оваа глобална индустрија, а најмалку 5,5 милиони живеат во сиромаштија со помалку од 3,2 долара на ден.

Текстот е сопственост на МИА

кафе луксуз Потрошувачка турско кафе цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.