Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кај граѓаните не треба да има паника, имаме горива за непречено снабдување, рече Ковачевски

0
By Ivana on March 4, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кај граѓаните не треба да има паника во однос на непречено снабдување со горива. Нашата држава има горива за непречено снабдување на бензиските пумпи, ние се снабдуваме со гориво преку Република Грција и таков проблем не постои, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека она што вчера се случи било предизвикано од страна на неколку помали продавачи на нафтени деривати, кои ги ограничија количините од шпекулативни причини.

-Она што вчера се случи беше предизвикано од неколку помали продавачи на нафтени деривати кои ги ограничија количините од шпекулативни причини, што јас го израмнувам со воено профитерство. Тоа предизвика непотребна паника, гледате дека денеска тоа не постои и проблем со снабдување со нафта и со нафтени деривати нема да има, додаде Ковачевски.

Во однос на економските движења, тој напомена дека светот, посебно Европа, се наоѓаат во една од најголемите кризи, односно најголемата досега, а тоа, како што рече, го покажуваат движењата на сите берзи на стоки, но и движењата на другите берзи.

-Владата е посветена на одржување на економскиот стабилен систем, на стабилна фискална политика, тоа го потврдуваме и денес, преку исполнување на уште едно ветување во однос на воведување на нова методологија на пензии и воведување на тримесечно по илјада денари финансиска помош за пензионери, токму заради оваа голема економска криза во која се наоѓа Европа, вклучитлено и нашата држава, додаде премиерот.

Во однос на стоковните резерви, Ковачевски потенцираше дека стоковните резерви се на ниво кое обезбедува непречено снабдување на населението и граѓаните со храна.

Како што рече, имало одредени шпекулации кои се однесуваа на снабдување со жито и со брашно, но, додаде дека тие воопшто не беа точни и беа демантирани.

-Значи нашите стокови резерви се на ниво кое обезбедува непречено снабдување, и тие во моментов не се користат затоа што она што беше предмет на јавна дискусија, тоа е дел од редовното работење на приватната мелничарска индустрија односно на увоз на пченица коешто се одвива од Србија. Ние имаме размена со различни држави од каде што од некои увезуваме, во некои извезуваме прехранбени производи, додаде премиерот.

Тој посочи дека нивото на производство на пченица, 2021 година во однос на 2017 година е зголемено.

-Ако во 2017 година биле произведени 219 илјади тони пченица, сега тоа е на ниво 253.000, што значи дека е зголемено и дека она што е количина до нивото на следната жетва, само тоа се обезбедува и за тоа не постојат никакви пречки, туку е дел од редовното работење, рече премиерот Ковачевски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.