НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како администрацијата донирала 1,5 милион евра за ВМРО ДПМНЕ

7
By Нова ТВ on April 28, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишуваат: Маја Јовановска и Сашка Цветковска

Графички илустрации: Горан Ризаов

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ минатата година собрала најмногу донации на својата сметка или речиси 1,5 милиони евра, открива НОВАТВ со помош на документите кои ги добивме од Државниот завод за ревизија користејќи се со правото на слободен пристап до информации. Сите донации на владејачката партија се од физички лица, со исклучок на две правни лица.   Во листата на донатори не можевме да го најдеме премиерот, ниту пак клучните лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

donacii_block_2

За оваа партија минатата година донирале вкупно 3,675 физички лица и две фирми. Најголемиот дел од парите, или 73 проценти од вкупните донации биле дадени во само 12 дена.

donacii_block_3

donacii_block_4

Од тие 12 дена, најголемиот број донации биле извршени од 14 до 16 јули или речиси 40 проценти од донациите биле дадени во само три дена.

Најсреќен ден за контото на ВМРО-ДПМНЕ бил 15 јули кога 791 донатор здружено донирале 291 илјада евра. Речиси две третини од донаторите на овој ден или 462 лица дале по точно 20,000 денари, а 69 лица дале по 50,000 денари. Ако 15 јули претставува поволен ден за партиската сметка, за државата е еден од клучните моменти во процесот на решавање на политичката криза. Додека приврзаниците на ВМРО во броја од стотини граѓани одат да донираат во партиајта, нивниот лидер целиот ден го потроши во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ Аиво Орав каде што беше потпишан протоколот за имплементација на договорот од 2 јуни кога партиите се согласија за формирање на Специјалното јавно обвинителство, решавање на проблемот со корупција во медиумите и други проблеми чие решавање произлезе од наодите во извештајот на Прибе.

donacii_block_5

„Политичката криза е решена. Економијата се ослободува од стегите на кризата. СДСМ се свесни дека народот не им дава поддршка. Како и секогаш, ВМРО-ДПМНЕ ги става интересите на народот пред партиските и пред личните интереси“, ова го изјави Груевски во Владата на 15 јули, додека истовремено група од стотици директори на јавни и државни институции, вработени во администрацијата, учителки и субвенционирани земјоделци тргнале масовно да донираат за партијата.

Од ВМРО ДПМНЕ не одговорија на нашите прашања за тоа на кој начин донаторите ги уплаќале парите – во кеш или на сметка.

Овие прашања произлегоа од претходните истражувања на НОВАТВ, но и други медиуми, кои со години работеа на теми поврзани со финансирањето политички партии. На пример, на изборите во 2013 НОВАТВ разговараше со повеќе донатори на ВМРО ДПМНЕ. Некои од нив воопшто не знаеја дека донирале за партијата, други посочуваа различни денови од оние на списокот, едни велеа дека парите ги однеле во штабот, други не можеле да се сетат и слично. Позната е изјавата на поранешниот лидер на Студентскиот сојуз Самоил Малчевски кој се најде на списокот на донатори, но тврдеше дека тој никогаш не донирал.

ЧИТАЈТЕ УТРЕ

Кој е профилот на просечниот донатор на ВМРО-ДПМНЕ

Профилот на просечниот донатор на оваа партија би можел да се објасни со неколку зборови: административец од низок партиски профил вработен во времето на оваа власт и активен во партиските работи од организирање протести до собирање списоци за гласачи.

Социјалдемократите со ситни донации

Социјалдемократите минатата година собрале донации помалку отколку што може една црква да собере за неколку верски празници или слави. Вкупно на листата се 476 донации, или во пари, на сметката на СДСМ лани легнале  12.096 евра. Но, не се толку донатори, бидејќи голем дел од имињата се повторуваат по неколку пати.

Генералниот секретар на партијата и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за партијата одвоил 70.000 денари. Лидерот Зоран Заев искеширал 60.000 денари. Меѓу донаторите неколку пати е наведено името на пратеникот Стојко Пауновски и претседателот на Советот на општина Куманово Максим Димитриевски. На листата ги нема другите првотимци на СДСМ, оние кои секогаш се до лидерот Заев на прес конференциите во партијата. Најмалата донација е од извесна Маја Хеско – 23 денари, а најголема од Илија Патриков – 87.000 денари.

Меѓу донаторите на листата на СДСМ има и повеќе правни лица и фирми. Најмногу донации има од страна на „Македонски Телеком“ во вид на попуст на услуга, но кога ќе се соберат сите тие во пари изнесуваат 20.000 денари. Меѓу правните лица кои дале донација во вид на попуст е и „Слободен печат“ во висина од 18.347 денари на први јануари 2015 година.

СДСМ е единствената партија од четирите најголеми партии од македонскиот и од албанскиот блок, која доставила и број на сметка на која се уплаќани парите од донаторите.

ДУИ единствени што собрале донации од државни институции

Демократската унија за интеграција на Али Ахмети минатата година искеширала вкупно 524.700 евра. Најголем дел од парите се од Министерството за правда или 288.000 евра, како и од донации 201.726 евра. Од членарини во партиската каса се влеале 34.631 евро. Чудно е што во најголемата и најмоќната албанска партија, лани членарина платиле само 75 луѓе и тоа различни суми.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ каде меѓу донаторите го нема лидерот на партијата Никола Груевски, кај интегративците со членарина од 36.000 денари во 2015 година прв на листата е претседателот на ДУИ Али Ахмети. Веднаш зад него со иста сума е и Џеват Адеми. Во списокот се и Фатмир Бесими, Изет Меџити, Миљаим Фетаи, Ејуп Рустеми, Рафиз Алити, Нора Алити, Талат Џафери, Ирфан Асани, Назиф Буши и други функционери и членови на ДУИ. Сепак, главниот извор на финансии на интегративците не е членарината.

Во 2015 во касата на ДУИ искеширале 38 донатори или вкупната сума од донации е 201.726 евра. За разлика од нивниот коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ, симпатизерите на ДУИ се подарежливи. Сумите не се како приврзаниците на Груевски, кои донираат најмногу 100.000 денари. Најмалата донација овде е 200.000 денари, па се до 1.200.000 денари. Но, најголемиот прилив на пари во Мала Речица стигнал од Министерството за правда од каде се исплатени 288.000 евра.

Во документите кои ни ги достави Државниот завод за ревизија, во забелешка пишува кои се институциите каде работат членови на ДУИ, а кои придонесуваат со плаќање на чланарина. Тоа се: А.Д. Македонска пошта, општина Липково, Македонска пошта Гостивар, Државен студентски дом, Дирекција за заштита и спасување, Ј.П. МЖ Инфраструктура, како и АД Аеродроми на Македонија. Иако според Законот за финансирање на политички партии, задолжително е да се наведе изворот на парите, намената и датумот, во листата на ДУИ недостасуваат сите податоци. Од ДУИ велат дела нивниот кадар кој е вработен во институциите има траен налог од банка со кој им се стопираат средства од платата кои потоа одат како донација во партијата.

ДПА е единствената партија која што пријавила дека немала ниту еден донатор во 2015 година.

Втор дел

Како администрацијата донирала 1,5 милион евра за ВМРО ДПМНЕ

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.