Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како боговите го лулкаат Анѓушев

0
By Биљана Секуловска on September 16, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На крајот на краиштата, се во животот се сведува на една мала капка поволни околности, трошка наклоност од боговите, зрнце среќа. Се е во среќата.  Сетете се на филмот “Меч поинт” на Вуди Ален- се зависи од тоа каде ќе падне прстенот, од која страна на мостот.

А сега земете го на пример, Кочо Анѓушев.

Ја имал таа неверојатна среќа судбината да не се поиграла со него, оттука тој не станал славен филозоф, туку животот му отишол во сосема различен правец- се изградил и прославил како моќен и богат бизнисмен.

За волја на вистината, биографијата и фактите говорат дека всушност Анѓушев почитта, би рекла онаа вистинската и единствена вредна,  ја стекнал во една интелектуална, академска средина, како научник и професор, но сите знаеме како светот навистина функционира, за жал.

Парите се она проклетство кое ги зацртува позициите во општеството, сеедно што врз знаењето почива светот и конечно, човештвото.

Но, тука и лежи замката, кога знаењето станува преголем товар и меч кој виси над нечија паметна глава.

Стив Џобс и Бил Гејтс почитта ја добија како иноватори кои го сменија светот, а не како милионери, подоцна милијардери, но без да станат функционери во американската Влада

Филозофијата, за неа почнав да говорам, па произлезе потоа среќата- дека таа е безбедна со Анѓушев и тој со неа. Не станал филозоф, и оттука, утринските, па попладневните и на крај вечерните  мачнини за суштината на животот не се тема која некогаш би го исцрпувала, ако некогаш реши да почне да размислува за етичките принципи.

Има неколку стандардни дефиниции за етиката, но да не должам, се се сведува на едноставните насоки кон кои треба да се движи човекот низ животот: се се сведува на некакви морални обврски, но внимавајте, тука е најважен капацитетот да се размислува критички за моралните вредности и да се насочат нашите активности кон тие вредности. Конечно, самиот збор етос се однесува на нечиј карактер, нечија природа, нарав. Сето ова не води кон посебното поглавје- етика на јавниот сектор.

И повторно, колку е сега па ова здодевно за оние кои ја имаат среќата да го трошат златното време на поскапоцени нешта- на парите. Но, пред да преминам на поглавјето- среброљупство, накратко за етиката во јавниот сектор: Повторно, тоа е сет на принципи кои ги насочуваат функционерите во служба на нивните избирачи, каде е вклучено правење одлуки во име на тие избирачи.

Фундаменталното во оваа етика на функционерите е едноставна обврска: одликите и активностите се базирани врз она што најдобро им служи на јавните интереси, спротивно на личните интереси на овој функционер, вклучувајќи ги финансиските интереси или сопствените политички интереси.

Здодевно, но тоа е целата приказна околу среќните околности вице-премиерот Анѓушев да не се тормозел низ животот со вакви филозофски начела, од кои не произлегува ништо навистина добро, ништо лично добро за него, доколку започне да се води според овие етички, морални начела и вредности.

 

Веќе знаете дека Анѓушев негираше конфликт на интереси, бидејќи тој е сопственик, но не и управител на „Фероинвест“, заради што не гледа проблем што фирмата на која е тој мнозински сопственик се појави на милионскиот државен тендер на ЕЛЕМ за набавка на гумени траки за РЕК Битола.Заради тоа, тој не чувствува никаква морална одговорност, бидејќи како што вели, се е според Закон:

„Согласно Законот за спречување на корупцијата имам обврска да се повлечам на компаниите. Никаде во тој Закон не е наведено дека треба да престанам да бидам сопственик на компаниите. Тоа значи дека никој не треба да биде потпретседател на Влада бидејќи секој е сопственик на нешто”.

Ако одиме по ред, прво, никој не вели дека Анѓушев треба да се откаже од сопствеништвото. Доволно е само да се откаже од државните тендери, затоа што тој е претставник на државата и тоа се нарекува многу здодевно- конфликт на интереси.

Второ, не е јасно каква врска има улогата на управителот, кога се оградува од таа функција и вели дека тој е сопственик, ако знаеме дека сопствениците се оние кои добиваат профит од фирмите, додека управителите добиваат само плата.

И трето, веројатно најважно- тој вели дека никој не треба да биде потпретседател на Влада бидејќи секој е сопственик на нешто. Анѓушев е паметен човек, но не е јасно на што мисли кога вели дека секој е сопственик на нешто и аналогно на тоа, тој секој мора да биде потпретседател на Влада.

Можеме ли да се договориме околу една вистина- да се биде сопственик на нешто, не значи дека мора да се биде само сопственик на фирма, ниту на милиони, ниту пак на материјално богатство.

Да се биде сопственик на некакви морални, етички принципи, зарем тоа не е она вистинско сопствеништво, за тоа Анѓушев сигурна сум дека ќе се сложи дека е вредно да се размисли.

Дека тоа е многу поголемо, позначајно, и дека тоа е нешто, наспроти она ништо, што досега му стоело како товар, врз грбот, врз рамењата, врз главата, врз целокупното битие. Знам, знам, не е лесно да се биде политичар и притоа да се има нешто, во оваа држава барем досега ретко кој го имал тоа, навистина била скапоцена реткост. Мнозинството имале само едно големо, тркалезно ништо и токму заради тоа и биле ништо. Заев многу добро знае за овие ништа низ сите години на владеењето на Груевски.

Фактот што Анѓушев го изгуби овој тендер, затоа што победила некоја српска фирма која повеќе понудила, ништо не значи. Анѓушев ќе мора да одлучи- дали сака да работи за интересите на граѓаните и да им служи нив, или да им служи на сопствените финансиски интереси. Ако не ја разбира разликата помеѓу бизнисмен и политичар, Заев ќе му ја објасни. Тој го донесе во Владата и тој ќе му го нацрта тоа ништо со големи црни букви за да го запамети  во сите облици, агли и потези. Инаку, се е залудно, се е безнадежно понатаму.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.