Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како е да се биде млад новинар во Македонија?

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако некој сака да стане мајстор во професијата, најпаметно е да започне како чирак. Успешните луѓе зад себе имаат бројни неуспеси кои придонеле тие денес да бидат тоа што се.

Да се биде новинар во Македонија е голем предизвик. Да се биде млад новинар во Македонија е уште поголем предизвик.

Од една страна, колку и да звучи бизарно, полезно е тоа што се уште никој не ги препознава во јавност, па така не се изложени на притисокот дека можат да бидат нападнати вон работното време вербално или физички, како што често се случува со популарните новинари во Македонија.

Но од друга страна потешко се пробиваат до изворите за информации, било формални или неформални. Да се добие официјална изјава од институциите во Македонија и онака е тешко, а станува уште потешко кога сте за јавноста анонимен новинар. Тоа секако се должи на младоста, немањето контакти и неискуството, но дали работите во Македонија се така поставени, или тоа може да се смета единствено како цена на младоста?

Поразговарав со Елена Милошевска која како новинарка во македонските медиуми работи нешто повеќе од една година. Таа ми раскажа за предизвиците со кои се соочува во текот на секојдневното работење како телевизиски новинар.

– Младите новинари во Македонија,  се соочуваат со разни предизвици и проблеми секој ден. Пред се, мислам дека еден од наголемите проблеми е што немаме соработка со државните институции, бидејќи како релативно нов новинар кој допрво има да учи уште многу, никој не те сфаќа сериозно, што за жал е многу погрешно. Се случува да не можеме да стапиме во контакт, за да добиеме и најосновна информација – вели Милошевска.

Впечатокот кој Милошевска го добила во текот на работењето како новинар е дека да се биде новинар во Македонија не е многу почитувана професија од страна на граѓаните.

– Исто така во земјава, пред се владее еден страв, одбивност и несигурност , општо кон новинарството како професија. Луѓето не веруваат во веродостојноста во информациите кои ги пласираат македонските медиуми – вели Милошевска.

Предизвикот да се дојде до изјава не е единствено кога се во прашање институциите и јавните личности, туку општеството генерално е дефанзивно поставено кон новинарите.

– Кога  се прави анкета, на улица луѓето бегаат како да виделе ѓавол, а не микрофон и камера. Честопати не сакаат да зборуваат, на теми кои не се ни од политички карактер – вели Милошевска.

Младите новинари ја имаат енергијата која можеби на повозрасните новинари веќе им недостасува за да се изборат со предизвиците кои известувањето во Македонија секојдневно ги носи. Сепак останува отворено прашањето колку младите луѓе ќе сакаат да работат како новинари во Македонија.

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.