Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Европа може да избегне длабоко замрзнување

0
By Sashko on September 5, 2022 СВЕТ
Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како што се приближува крајот на летото во Европа, речиси сите земји од ЕУ се соочуваат со некаков вид енергетска криза. По руската инвазија на Украина, ЕУ им се придружи на Соединетите Американски Држави и други земји во санкциите и ембаргото за рускиот природен гас, иако многу држави од ЕУ зависат од увозот на руска енергија. Овие мерки предизвикаа вртоглав раст на цените, што нагло ги зголеми трошоците за живот за многу Европејци. Некои европски влади веќе се обидоа да ја намалат потрошувачката на енергија – на пример, со ограничување на употребата на климатизација во јавните згради и со барање продавниците да ги исклучат светлата преку ноќ. Но, кризата само ќе се влошува. Владите се обидуваат да се подготват за многу тешка зима.

Креаторите на политиките во ЕУ се фокусирани на зајакнување на националните резерви. Земјите на ЕУ склучија билатерални договори за да обезбедат енергија од алтернативни снабдувачи, вклучувајќи ги Алжир, Канада и Катар. Владите сега расправаат како да изградат гасоводи кои би пренесувале гас низ земјите од Јужна и Централна Европа. И европските претставници сериозно размислуваат како да ги направат своите земји енергетски поефикасни. Советот на ЕУ во јули се согласи на план за заштеда на енергија, кој бара од земјите членки да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто до оваа зима. Некои влади, вклучително и оние во Франција, Италија и во Шпанија, поставија цели за намалувања, но други земји членки, како што е Германија, се воздржуваат од такви мерки.

Сепак, ваквите потези не можат да ја решат кризата со која се соочува Европа. Европските влади се справуваат само со симптомите на нивната неволја и ги игнорираат причините. Само преку координирана надворешна политика – не фрагментирани индивидуални национални одговори – Европа може да се постави на патот кон енергетската безбедност. Во отсуство на таква усогласена акција, земјите членки на ЕУ постојано ќе се вртат меѓу поддржувањето на нивните вредности и исполнувањето на основните потреби на своите граѓани, несигурна вежба што ќе му наштети на самиот европски проект. Европските влади мора брзо да дејствуваат за да ги спречат најмрачните последици од претстојната зима.

Предупредувачки знаци

Европа се бори во последниве месеци да се ослободи од зависноста од руската енергија. Но, дури и најхрабрите напори за диверзификација на изворите на енергија не беа во можност да ја надминат нејзината историска преголема зависност од Русија. Во јули, германските власти (со поддршка на другите земји членки на ЕУ) ја натераа Канада да ги заобиколи сопствените санкции кон Русија за да се поправи гасоводот Северен тек 1 и рускиот да продожи да тече кон Германија. Ова се случи само неколку дена откако руските сили нападнаа трговски центар во Кременчук додека во него престојуваа повеќе од 1.000 луѓе. Наводната заложба на Европа да ја види Русија да одговара за нејзините постапки во Украина се чини дека е нарушена од нејзините неспорни енергетски потреби.

Уште едно предупредување дојде од Италија ова лето, кога голем број политички партии, вклучително и Движењето пет ѕвезди и екстремно десничарската Лега и Форца Италија, практично ја соборија владата на премиерот Марио Драги поради нејзините обиди да ја пренасочи италијанската економија од руската енергија. Опозициските партии тврдеа дека таквото трошење е непотребно, инсистирајќи на тоа дека би било многу поевтино да се остане лојален клиент на рускиот гас. Тоа што Италија, една од најголемите земји членки на ЕУ, го прекина консензусот за одржување цврст став против одвратната војна на Путин, предизвика морници во другите европски метрополи. Ако Рим може да се откаже од овој колективен напор, другите може да го следат примерот, имајќи предвид дека моќни националистички гласови се појавуваат во речиси сите земји членки на ЕУ. Секако, во првата недела од август Марин Ле Пен, лидерката на екстремно десничарската партија Национален собир во Франција, повика на прекин на, како што таа ги нарече, „бескорисните“ санкции кон Русија. Под економски и политички притисоци, импресивното единство што го карактеризира одговорот на Европа на војната е загрозено.

Самиот Кремљ можеби ги чувствува овие пукнатини. Реториката на Путин значително се зацврсти во последниве месеци, обвинувајќи ги западните санкции за порастот на цените на храната и горивата низ светот. Се чини дека е малку веројатно Москва да се откаже од својата стратегија, дополнително тестирајќи ја толеранцијата на Европа за руското кршење на меѓународното и хуманитарното право. Непопустливоста на Путин претставува голем ризик за Европејците. Ако сегашните предвидувања за прекини на струја станат реалност за бизнисите, европската индустриска конкурентност ќе настрада многу. Во исто време, колебливите одговори изгубениот руски гас едноставно да се замени со фосилни горива од друго место, наместо брзото зголемување на обновливите извори, ги загрозуваат европските климатски цели. Планираната зелена транзиција на ЕУ се чини дека пропаѓа бидејќи владите се фокусираат на краткорочните енергетски потреби. Како резултат на тоа, тврдењата на Европа дека е светски лидер во справувањето со климатските промени изгледаат уште посомнителни. Нејзината призната посветеност на поддржување на либералните вредности и владеењето на правото, исто така, изгледа сомнителна бидејќи продолжува да купува руска енергија, иако руските сили го прекршуваат меѓународниот закон и конвенциите за човекови права во Украина. Краткорочниот пристап на ЕУ кон оваа војна на крајот може да го поткопа самиот кредибилитет на европскиот политички проект.

Заштита на енергетскиот суверенитет на Европа

Европа би можела да зацрта пат напред низ овој хаос што би можел да почне да ја штити нејзината енергетска безбедност – и нејзината поширока безбедност. Хаосот што Путин го предизвика со едноставно кинење на правилата на меѓународниот поредок не помина незабележано во Кина, Северна Кореја и Турција. Државите на ЕУ сега треба да се подготват за свет на неред. Тие ќе треба да ги здружат своите ресурси за да се оспособат да се справат со тоа. Ќе мора да разберат дека постигнувањето суверенитет може да се направи само во договор еден со друг. Земјите членки на ЕУ ќе потонат во овие немирни води ако продолжат да им пристапуваат на кризите поединечно и ако дејствуваат индивидуално наместо колективно.

Креаторите на политиките треба да создадат посилен наратив во врска со потребата за одржлива енергетска безбедност – вклучително и придружни мерки за енергетска ефикасност низ Европа, со владите кои работат со индустријата и потрошувачите. Лидерите мора да бидат јасни дека ЕУ нема да се извлече без акција во сите делови на европското општество, а владините коалиции треба да бидат подготвени да ја сносат политичката цена од изнесување на таквата порака. На пример, различните партии во коалициската влада на Германија ја третираа потребата од намалување на потрошувачката на енергија со различни нивоа на итност. Таа недоследност е неодржлива. Со оглед на големината и влијанието на Германија, пристапот на нејзината влада да ги притиска потрошувачите и бизнисите да ги затегнат ремените има последици многу подалеку од Берлин, со корозивен ефект врз секој обединет европски напор за заштеда на енергија.

Тоа, исто така, значи и колективно енергетско планирање за зимата, што мора да се случи на паневропско ниво, а не поединечно од националните влади. ЕУ треба стратешки да разгледа кои ресурси можат да ги здружат европските земји пред оваа зима – пред да се случи веројатниот недостиг – за да избегне поединечни барања за добра волја и помош од една на друга земја членка. Ваквите барања лесно може да се политизираат и да посеат дополнително семе на поделби во ЕУ. Превентивниот пристап на соработка може да бара сериозни инвестиции и подготвеност да се сподели товарот на европско ниво за финансирање на одговорот на кризата. ЕУ е во состојба „што и да е потребно во моментот“ како што беше за време на еврокризата во 2012 година и за време на пандемијата на КОВИД-19 во летото 2020 година. Нејзините лидери треба да размислат за повторување на некои од нивните активности преземени за време на пандемијата, вклучително и задолжување од огромни размери, за брзо засилување на почисти, посигурни извори на енергија како колективен ресурс на ЕУ за да се задоволат потребите за енергија по оваа зима. Инвестициите на Европа во справувањето со потребата на континентот за енергетска безбедност мора да бидат еднакви на размерите на сегашната криза.

Можеби најважно од сè, ЕУ треба да развие надворешнополитичка стратегија која ќе изгради широка мрежа на односи со трети земји што ќе биде основа за поодржлива и енергетски безбедна иднина за Европа. ЕУ треба, на пример, да ги зголеми своите инвестиции во програми за коиновации и да ја интензивира соработката за иницијативи за енергетска ефикасност и чиста енергија во земјите на нејзиниот исток и во Африка за да се изградат сигурни извори на зелена енергија. ЕУ, исто така, треба да го поддржи забрзувањето на зелената транзиција во клучните индустрии во партнерските земји, скратувајќи го пристапот до европските синџири на снабдување и финансиите на компаниите кои се во спротивност со построгите зелени критериуми. Поради оваа причина, нејзината зелена индустриска политика мора да гледа нанадвор и да им помогне на бизнисите во поширокото соседство на Европа да станат дел од поширокиот екосистем на ЕУ. Ако оваа одржлива енергетска дипломатија не е воспоставена, Европа ризикува да западне во истиот вид опасни зависности кои претходеа на руската војна против Украина.

Европа може да ја преброди оваа криза, дури и да стане уште посуверена во процесот. Но, изборот што ќе го направи во текот на следните недели ќе одреди дали ќе ја сочува нејзината независност или  европскиот политички проект ќе стане уште една жртва на суровата војна на Путин.

Извор: foreignaffairs.com

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.