Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како ќе изгледа земјоделството на ЕУ во следните десет години?

0
By Соња Крамарска on December 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отпорноста на земјоделскиот сектор на Европската Унија беше на тест последните две години. Пандемијата на коронавирус предизвика прекини во трговијата и ги зголеми цените на суровините, а потоа руската инвазија на Украина доведе до уште повисоки цени на инпутот и енергијата. Како резултат на тоа, цените на храната вртоглаво пораснаа, а трговијата беше дополнително нарушена, вели во својата анализа порталот Агротим.

Тука се и климатските промени кои сè почесто резултираат со неповолни и екстремни временски услови кои влијаат на приносот на културите, болестите, бројот на штетници и појавата на болести кај животните.

Во светлината на овие нарушувања, за земјоделството на ЕУ во периодот 2022-32 година се предвидува забавување на растот во главните земјоделски сектори, според неодамна претставениот среднорочен извештај за изгледите.

Производството на некои култури се очекува да стагнира или благо да се намали, додека пад се прогнозира кај млекото и месото.

Прогнозите покажуваат дека вкупната површина со житни култури во ЕУ незначително ќе се намали на 57,2 милиони хектари до 2032 година, поттикната од помалите површини под јачмен и пченка. ЕУ ќе остане значаен извозник на пченица и јачмен и увозник на пченка и ориз. Потрошувачката на житарките би можела малку да се зголеми (+3,9%), но бидејќи употребата на добиточна храна ќе се намали (-6,1%), се очекува вкупната домашна потрошувачка во ЕУ да остане стабилна.

Кај маслодајните семиња се предвидува производство од 33,0 милиони тони, што е зголемување за 2,8 милиони тони (+9,3%). Причината е постојаното зголемување на приносот. Нето увозот на маслодајни семиња и протеински култури ќе се намали бидејќи ЕУ ќе произведува 54,7% повеќе мешунки и 33,3% повеќе соја.

Усвојувањето на поодржливи земјоделски практики ќе влијае на идниот развој на секторот за млеко и млечни производи во ЕУ. Уделот на алтернативните системи (наспроти интензивните и конвенционалните) се очекува да расте. Бидејќи екстензивното земјоделство се фаворизира за решавање на еколошките прашања, се очекува млечните стада да се намалат и да доведат до годишен пад од 0,2% на производството на млеко во ЕУ до 2032 година. Сепак, тоа нема да ја загрози позицијата на ЕУ како најголем светски извозник на млечни производи.

Потрошувачката би можела да остане релативно стабилна во иднина, а раст се очекува само кај потрошувачката на сирење. Потрошувачката на обезмастеното млеко во прав ќе се забави бидејќи трговската размена ќе расте помалку поради посилната глобална конкуренција. Во случај на полномасното млеко во прав, потрошувачката би можела да се намали поради загубите во трговијата, додека домашната употреба би можела да остане релативно стабилна.

Одржливоста ќе игра сè позначајна улога на пазарите за месо во ЕУ. Производството на овие стоки ќе биде поефикасно и поеколошко, со пораст на органските и екстензивните системи. И покрај овие трендови, се очекува пад на потрошувачката на месо во ЕУ (-1,5 кг по жител годишно), при што особено ќе биде погодено говедското месо, а свинското делумно заменето со месо од живина. Живинарството е всушност единствениот што се шири во однос на производството и потрошувачката. Ова произлегува од ставот дека месото од живина е поздраво во споредба со другите видови, полесно се подготвува, неговата консумација нема верски ограничувања, а и има и релативно пониска цена.

Вкупното стадо крави ќе се намали за 2,8 милиони грла (9,1%), а ситуацијата во земјите членки ќе се разликува. По највисокото ниво во 2022 година, цената на говедското месо се очекува повторно да падне поради побалансирана понуда и побарувачка. Што се однесува до свинското месо, се очекува производството да се намали за 1% годишно, што одговара на 2,2 милиони тони во период од десет години.

ЕУ Земјоделие
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.