Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како македонските медиуми информираат за меѓуетничките инциденти

0
By Нова ТВ on March 9, 2018 ВЕСТИ
Фото: Ванчо Џамбаски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деновиве во Македонија актуелен беше инцидентот помеѓу функционер на ДУИ и полицајката која според соопштението на Министерството за внатрешни работи сама се удрила од специјалното возило „пајак“.

Она што го направи овој инцидент дополнително интересен за јавноста е тоа што функционерот од ДУИ е маж Албанец, а полициската службеничка е жена Македонка.

Известувањето за настанот варираше од еден медиум до друг. Некои пишуваа дека полицајката била само вербално нападната, а приказната одеше дотаму дека била претепана.

Според официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи, таа била само вербално нападната, а физичката повреда си ја нанела удирајќи се во возилото.

Јавноста нормално бесно реагираше на ваквото соопштение. Ова не е новост за МВР. Во минатото, додека на власт беше ВМРО ДПМНЕ, за смртта на Мартин Нешкоски беше соопштено дека „се сопнал од кабел“ и така починал. Дури подоцна, откако се случија масовните протести Против полициска бруталност во 2011 година, МВР се ангажираше и го пронајде осомничениот за убиството кој сега е во затвор. Исто така новинарот Владо Таневски за време на неговата затворска казна, беше соопштено дека извршил „самоубиство“ и се „удавил во кофа со вода“.

Но во текстов нема да стане збор за начинот на кој македонското Министерство за внатрешни работи ја третира јавноста, туку за начинот на кој медиумите информираат за меѓуетничките инциденти.

Џелал Хоџиќ кој е долгогодишен граѓански активист, колумнист, а во последниов период ангажиран како заменик директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, вели дека медиумите кај нас се делат на професионални и пропагандистички медиуми.

– Професионаланите медиуми работат согласно новинарските правила и ја запазуваат етиката во известувањето. Улога на медиумите е да ја известуваат јавноста, а кога се следат новинарските правила и етиката за известување во зависност од ситуацијата, медиумот коректно ја завршува својата задача – вели Хоџиќ.

Џелал Хоџиќ

Според Хоџиќ, проблемот е во пропагандистичките медиуми, за кои вели дека се значаен дел од медиумската сцена во Македонија, а чие непрофесионалано известување за меѓуетничките инциденти има сериозно негативно влијание во нашето општество.

– Пропагандистичките медиуми не се водат од интересот на јавноста, туку одработуваат нечија туѓа агенда. Нивното непрофесионалано известување за меѓуетничките инциденти некогаш има за цел да произведе примитивен национализам, некогаш да произведе тензии или конфликт во општетсвото, некогаш да создаде политички проблем, а некогаш едноставно имаат потреба од внимание, гледаност и кликови – вели Хоџиќ.

Хочиќ смета дека многу често пропагандистичките медиуми за одредени инциденти кои немат етнички мотиви, туку сосема други, ги преставуваат како меѓуетнички со цел да ги задоволат своите пропагандистички цели.

– И кога две момчиња во пубертет, сосема случајно од различни етнички заедници, би се степале поради симпатијата, пропагандистичките медиуми тоа би го преставиле како меѓуетнички инцидент. Во последната деценија, многу пропагандистички медиуми беа инструмент на центри на моќ, кои креираа примитивен национализам,  меѓуетнички тензии и конфликтни ситуации во општетсвото – констатира Хоџиќ.

Политикологот Павел Донески кој е уредник на порталот „Македонија365“ вели дека ваквото известување од страна на медиумите е последица на етничката поделеност во општеството.

Павел Донески

– Постојат чести ситуации каде медиумите известуваат еднострано за меѓуетничките инциденти односно исклучиво низ етничка призма, а некогаш дури и за настани кои немаат никаква етничка позадина им се става таков набој, свесно или несвесно. Примери има десетици и во медиумите кои известуваат на македонски јазик и во оние на албански, како и во медиумите кои известуваат на двата јазици.  Сметам дека тоа е директна последица на општествените и политички услови во кои егзистираме како држава, во едно поделено општество по многу основи, а етничката (за жал) е една од понагласените – вели Донески.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.