НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како македонските скејтери го преживуваат Скопје?

0
By Нова ТВ on February 8, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Разбрав дека постои С.А.М (Скејтбординг Асоцијација на Македонија), признавам, бев и сè уште сум пријатно изненаден. Верувам дека ова чудно-топло чувство е поради фактот што секогаш овој спорт сум го поврзувал со далечни, урбани краишта каде е „вечно лето” (не дека кај нас е Алјаска, ама имаме зезнати зими).

Мојата верба дека скејтбордингот ќе ја добие оваа форма на организираност била еднаква на вербата дека Македонија ќе учествува на Олимпијада со своја хокеј репрезентација. Плус, редно време беше една ваква „епска” субкултура да добие хомогена смеса и поголема влијателност, преку вметнување на одредени рамки и правила на дејствување.
Дали еден од моите детски соништа конечно ќе ги добие своите „5 минути”?

Како дојде до идејата за С.А.М?

Самата слобода која ја имаат скејтерите преку својот урбан израз не може да се стави во било какви рамки. Меѓутоа општествено сме обврзани да учествуваме во креирање на јавното мислење, преку една граѓанско здружение кое пробува да допре до општествените рамки кои понекогаш се прекрстуваат со нашите. Целта би била изградба на скејт парк, разноразни изложби, музика и дружење преку натпревари итн. Самото име пак потекнува од поимот DIY, т.е Направи САМ, кое е мотото на македонските скејтери сите овие години.

Како функционира членувањето во оваа организација? Колку луѓе сте основачи?

Членувањето во С.А.М е на доброволна основа. Ние сме практично група на граѓани кои се засегнати од општествениот статус на скејтбордингот како урбана појава во Македонија. Сите кои имаат афинитет кон овој спорт се слободни да се приклучат на здружението и да допринесат со свои идеи. С.А.М има 6 основачи.

Сите многу добро знаеме дека скејтбоардингот е спорт кој бара рамни чисти улици, и скејт базени и паркови. Тоа за жал го нема кај нас. Како тогаш го одржувате во живот овој спорт? Кое е вашето мислење за сегашниот скејт парк? Дали постои разбирање од страна на учесниците во сообраќајот за скејтерите?

Претежно е така како кажувате, но идеални услови за скејтбординг во урбаните средини практично и да не постојат, со чесни исклучоци на некои европски и американски градови каде горенаведените јавни простори се скоро идеални. Скејтбордингот во Македонија како урбана појава или „спорт”, претежно поради физичките карактеристики кои ги поседува, постои од доцните 80-ти години. Најчесто улицата било основното средство за изнаоѓање и комуникација помеѓу скејтерите. Скопје моментално има 2 скејт паркови, кои и покрај тоа што постојат како објекти не се на рамниште како оние погоре споменатите. Но многу често, истите тие имперфектности скејтерите ги користат како инспирација за да создадат нешто ново и уникатно и да ги поместат границите на веќе познатото.

Каква музика слушате?

Музичката определба е доста индивидуална така што би рекле дека се движи од хардкор, панк, метал, хип-хоп па се до звуците на модерната електроника, на кратко скоро сите жанрови.

Што правите во зима кога ќе падне снег? Дали имате некои алтернативни места за скејтање кои немаат допир со надворешните услови?

Знаеме какви се надворешните услови во Скопје во зима, но моментално специјализирано место за скејтбординг на затворено нема во нашиот град. Се снаоѓаме на потопли денови (околу 0 степени) да излеземе на улица и да искористиме некој сончев зрак, но не нѐ спречуваат ни полоши услови кога е во прашање потребата да се помине време со пријателите и првата љубов-скиролот.

Освен скејтањето што друго ви го привлекува вашето внимание?
Фотографија, видео, уметност, музика, компјутерски технологии, други спортови, итн.
Кои се идните планови на С.А.М?

Промоција и поддршка на урбани настани и скејтбордингот како појава во Македонија.

извор: reborn

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.