Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Министерството за здравство ја номинирало сопругата на државниот секретар во СЗО

0
By Менче Атанасова Точи on May 9, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Има ли кофликт на интереси во изборот и номинацијата на Министерството за здравство за стручно контакт лице во СЗО, на Ленче Милошева сопруга на Владимир Милошев, државен секретар во истото министерство и кадровик на СДСМ

Ленче Милошева е номинирана од Министерството за здравство за стручно контакт лице во СЗО за незаразни болести, ментално здравје и злоупотреба на супстанци во време кога државен секретар во Министерството е нејзиниот сопруг, Владимир Милошев, реагираат во НОВА лекари, психијатри, и вработени во оваа институција.

Тие  посочуваат дека во случајот има конфликт на интереси иако Милошев најверојатно се изземал да го потпише Решението за нејзина номинација во 2017 година, туку тоа го сторил екс министерот Таравари или неговиот заменик Гоце Чакаровски. НОВА ги контактираше и двајцата но, ниту еден од нив не се сеќава кој го потпишал Решението за номинација на Милошева во СЗО. Сепак, извори во Министерството кои биле инволвирани кога се случувало ова за НОВА велат дека изборот за сите назначувања од различни области се правел во кабинетот на министерот, се викале партиски луѓе и некои од вработените од таму и тие давале предлози кој, каде да се назначи. Така било за комисиите, како и за избор за стручни контакт лица во СЗО.

„Не е запазена постапката, се одлучувало во кабинетот на министерот, не се консултирале стручњаци од различни области“, велат нашите извори.

Ленче Милошева, професор на Универзитетот„Гоце Делчев“во Штип

Реакциите и забелешките на стручната јавност пак, се однесуваат на тоа што професорката Милошева не е лекар, а  психолозите не се здравствени работници. Тие прашуваат како ќе го имплементира се тоа се зборувало на Конференциите на СЗО во пракса, како што беше последната на 9 и 10 април во  Ашгабат, Туркменистан.

„ Иако има кратко работено како клинички психолог, таа не лекар, психолозите не се здравствени работници, не препишуваат лекови. Бидејќи не е внатре во здравствениот систем, како ќе го имплементира тоа што се зборувало на конферецијата на СЗО“, прашуваат лекари, психијатри кои велат дека се чувствуваат навредени од сето ова, но сакаат да останат анонимни.

Тие не ја спорат нејзината стручност како професор на Катедра за психијатрија и клиничка психологија на Факултет за медицински науки, на  Универзитет  „Гоце Делчев“, Штип, но сметаат дека на такви големи настани не може Министерството за здравство да го претставува сопругата на државниот секретар и не личност што не е лекар, психијатар од областа на менталното здравје.

Владимир Милошев државен секретар во Министерството за здравство

Државниот секретар Владимир Милошев вели дека не учествувал и не го предложил изборот на неговата сопруга и дека таа е доволно стручна за да ја претставува земјата на конференции на СЗО на светско ниво.

„Мојата сопруга има два докторати и е професор на Универзитетот во Штип. И не само на СЗО, таа има посетувано многу други конференции и има многу научни трудови. Јас ниту сум ја предложил, ниту сум учествувал во нејзиниот избор“, вели за НОВА, Милошев.

На конференцијата во Туркменистан,  Милошева беше заедно со Игор Спировски од Институт за јавно здравје, кој е стучно лице за контакт за незаразни болести и исхрана. Нивните имиња можат да се најдат на веб страната на СЗО заедно со имињата на другите стручни контакт лица на СЗО, кои биле номинирани од другите области.

Бојан Бошковски координатор на СЗО

НОВА го праша и координаторот на СЗО, Бојан Бошковски кој е линкот меѓу Министерството за здравство и  СЗО, како се одвивала целата постапка. Тој вели дека откако е национален координатор за СЗО се стреми да ги вклучи и ангажира оние експерти кои се веќе контакт лица со СЗО.

„Конкретно за оваа конференција номинацијата беше лично од моја страна бидејќи конференцијата беше наменета за незаразни болести, вклучувајќи го и менталното здравје како дел од групата на незаразни болести. Во моментов Проф. Ленче Милошева е контакт лице за ментално здравје со СЗО од 2017 година, пред јас да дојдам на позицијата национален координатор за СЗО“,“ вели Бошковски.

Тој тврди дека како национален координатор за СЗО, најчесто дава предлози за испраќање на претставници на најразлични конференции и тренинзи кога настаните ги покрива СЗО.

“Сметав дека номинацијата на Проф. Ленче Милошева како дел од работната група за ментално здравје и Д-р Игор Спироски како член на групата која го изработувала акцискиот план за незаразни болести  е адекватен за оваа конференција. Од секојдневната комуникација и заедничките средби што сме ги имале и заеднички работилници сметав дека во моментот се можеби најинформирани да ја посетат оваа конференција. Се разбира, сето ова ги зголемува капацитетите на експертите кои се занимаваат со оваа проблематика и стојат на располагање на Министерството за здравство. Во конкретниот случај средствата за патувањето беа покриени од канцеларијата на СЗО и не се користени средства од буџетот на РСМ. Учеството на нашите експерти во соработката со СЗО се исклучиво волонтерски“, вели Бошковски.

Тој додава дека немал сугестии и притисоци досега за она што го работи.

„Во ниту еден случај не сум имал притисок, ниту некој друг ми наметнал некакво решение“, потенцира Бошковски.

Во јавноста деновиве се крена врева за овој случај, по што Милошевска реагираше на својот фејсбук профил, по пишувањата на некои портали, со недоличен вокабулар за еден професор на Универзитет.

Но, набрзо коментарот беше тргнат, откако еден од студентите реагираше на незиниот вокабулар и се пожали на нејзиниот однос како професор.

Во Министерството за здравство велат дека нема ништо спорно во назначувањето на Милошевска. Од кабинетот на министерот Филипче велат дека таа не е вработена во Министерството за да има конфликт на интереси. Сепак, секое Решение за патување мора да биде потпишано од министерство за да може на работното место да го оправда отсуствањето и се да биде регуларно

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.