Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како мнозинството уставни судии го образложиле помилувањето за изборни измами

0
By Нова ТВ on March 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 25, 2016 10:19

Уставниот суд ги објави одлуката и образложението зошто мнозинството судии гласале за можноста на претседателот да му се дадат законски ингеренции за изборни измами во форма на помилување за осудени но и ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, заменување на изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или определува бришење на осудата, или претседателот да ја укинува, односно определува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната.

Образложението на мнозинството уставни судии кои гласале е следново:

“За Судот, воопшто не е спорна општествената опасност на кривичните дела кои со оспорениот закон се изземени од можноста за давање на помилување. Но, таа не може да се прифати како критериум или причина за таквото изземање, бидејќи општествената опасност е истовремено обележје и на другите кривични дела кои не се изземени, при што за некои од нив може да се изречат и најстрогите казни кои се предвидени со Кривичниот законик.

Тоа што претседателот на Републиката има ваква надлежност, не значи дека би се дало помилување за секој сторител за секое сторено кривично дело, туку оваа надлежност ќе се оствари во оние случаи кога претседателот ќе оцени дека треба да се даде помилување, земајќи ги во предвид и карактеристиките на сторителот, но и делото кое е сторено. Притоа, општествената опасност на стореното дело веќе била санкционирана со тоа што било предвидено како кривично дело и со правосилната пресуда со која се изрекува санкција предвидена од законодавецот.

Според Судот, ограничувањето на правото за давање на помилување на претседателот на Републиката, значи навлегување во неговата уставна надлежност од страна на законодавецот. Доколку би се прифатила можноста законодавецот да има вакво право, се поставува прашањето која би била границата и критериумот за таквото ограничување и дали на ваков начин би се изгубила смислата на уставниот институт помилување, кој би зависел од перцепцијата на законодавецот и одредени појави во одредено време во општеството.

Помилувањето е поврзано со индивидуализација на сторителите на кривичните дела, а не со општо набројување на кривичните дела кои се елиминираат од помилување, бидејќи општоста е елемент на амнестијата, а не на помилувањето.

Уставотворецот со нормите во Уставот на Република Македонија, не го ограничил помилувањето за конкретни кривични дела, односно со Уставот не се утврдува кои кривични дела може, а кои не може да бидат опфатени со уставниот институт помилување. Со оглед на тоа, општото дефинирање со закон за кои кривични дела може, а за кои не може да се дава помилување, нема никаква уставна основа, бидејќи Уставот не се впуштил во општо набројување за кои кривичини дела не може да се даде помилување, особено поради неспорната правна основа дека индивидуализацијата е елемент на помилувањето.

Во случајот, со новиот став 3 од член 1 од оспорениот закон, се повредува и уставното право на еднаквост на граѓаните од член 9 од Уставот на Република Македонија. Имено, осудените сторители на кривичните дела за кои законодавецот предвидел да не може да се даде помилување, се лишуваат од можноста да бидат помилувани, за разлика од осудените сторители на другите кривични дела, што претставува различно третирање на лица кои имаат ист статус (осудени лица) и се наоѓаат во иста правна ситуација.

Имајќи го во предвид сето претходно наведено, произлегува дека уставното овластување на законодавецот од член 84 алинеја 9 од Уставот, со закон да го уреди помилувањето, не значи и можност за него да утврдува за кои кривични дела претседателот на Републиката не може да дава помилување.

Ова оттаму што, законодавецот е ограничен со темелната вредност на уставниот поредок – поделба на власта на законодавна, извршна и судска, уставното право на еднаквост на граѓаните и уставната позиција на претседателот на Републиката, но и со начинот на кој нашето кривично законодавство ги дефинира кривичните дела.

Како дополнителен аргумент е тоа што и самиот законодавец согласно Уставот, има право да дава амнестија која според својата содржина и правно дејство е слична со помилувањето, а како кривично-правен институт е исто така дефинирана со Кривичниот законик. Така, според член 113 од овој законик, на лицата кои се опфатени со акт за амнестија им се дава ослободување од гонење или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, им се заменува изречената казна со поблага казна, им се определува бришење на осудата или им се укинува определена правна последица од осудата.

Притоа, давањето на амнестијата се разликува од помилувањето по тоа што таа е акт на законодавецот (се донесува во форма на закон), се дава на неодреден број на лица и согласно законската дефиниција, со неа изречената казна може да се замени само со поблага казна, а не и со алтернативни мерки како кај помилувањето, определената правна последица може само да се укине и не е предвидено да може со неа да се определи укинување или пократко траење на казните забрана на вршење на професија, дејност или должност, забрана на управување со моторно возило на сторителите кои се возачи по занимање и протерување на странец од земјата како кај помилувањето.

Ова свое право, од донесувањето на Уставот на Република Македонија, законодавецот го има искористено неколку пати, при што самиот утврдувал за кои кривични дела ќе го искористи ова право, а со оглед дека не постои уставно ограничување за тоа.

Понатаму, со член 5 од оспорениот Закон за изменување и дополнување на Законот за помилување, по членот 5 се додава нов член 5-а во чиј став 1 се предвидува дека претседателот на Република Македонија со одлука формира Комисија за помилување со која го определува составот и бројот на членовите на Комисијата која донесува деловник за начинот на нејзината работа. Повторно станува збор за ново законско решение какво што не е предвидено со Законот за помилување од 1993 година.

Неспорна е потребата од постоење на стручно тело кое би му помагало на претседателот во вршењето на својата уставна надлежност, но она што ова законско решение го прави проблематично од уставна гледна точка, е тоа што законодавецот нема уставно овластување да уредува прашања кои се однесуваат на внатрешната организација и работа на претседателот на Републиката како еден од органите на државната власт.
”

При оваа одлука, дел од судиите гласале против и нивното издвоено мислење се очекува да биде објавено наскоро.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.