Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како му се корнеше душата на Дурловски

0
By Биљана Секуловска on February 29, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тогаш кога паѓаат фасади од згради, паѓаат и глави, и тоа воопшто не метафорички, за жал, за огромна жал.

Но, она што оплеменува во ваквата ситно калкулантска политичка поезија, е користа од струполувањето на фасадите на Скопје 2014 по плочниците за почеток, за главите сепак да останат бистри, по ветарот во Скопје неделава.

Корнењето на душата од ваквите немили настани ечеше преку милозливиот баритон на оперскиот пејач, Игор Дурловски, попознат како еден од најважните актери во Крвавиот четврток- кога стапија на сцена уметничките величенствени тонови на насилство и дивјаштво во Собранието, врз опозициските пратеници- од страна на криминалните поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Дурловски, за кој се говори дека ќе биде на кандидатските листи на оваа партија, смета дека “со невремето не бea оштетени објектите кои СДСМ ветувале дека ќе ги изгради”.

Жалта ја пустоши душaта на визионерот како Дурловски, кога ќе помисли само на неспособноста на Заев и Шилегов, што не ја согледуваат далекусежноста од последиците да не се изгради уште едно Скопје, 2020, за почеток. Таа тага на нашиов оперски гигант помешана со бес за овие двајца тотални некадарници е далеку позната и прочуена, и за неа нема што многу и да се додаде и ламентира повеќе.

Можеби и би вределе аргументите истресени од нивните два ракави- дека нема навистина и место каде би можело да се интервенира повеќе, доколку некој помрачен ум и би сакал тоа да го стори, по криминалниот ласвегасовски проект на пријателите на Дурловски, но во сето тоа, се наѕира и опипува мрзеливоста и некомпетентноста на оваа небарокна двојка Заев- Шилегов.

Вистински политички гиганти би граделе и на милиметарски простор низ центарот на Скопје, во најмалото дупче и со ситни штрафчиња рачно би конструирале планини од архитектура.

Великани во политиката би се качувале по прозорци и би влетувале по домовите, можеби дури и честа би ја имал и Дурловски, да му го забрикадираат тоа малиот простор што бог му го доделил за да твори. Ех, наспроти таа сјајна планетарна кариера која ја отфрла и само се согласува да настапува на Комитиски вечери- од типот Гоцева, 49 по ред, кај иселениците во Торонто-Канада. Таму само  може да попукаат фасадите од неговиот глас, ужасно неискористен и со леснотија отфрлен, само заради политичките амбиции, во кои дивјаштвото е цената за херојските подвизи на несфатениот уметник.

Тој во своите, се уште небарокни одаи, останува запрепастен од лаконската изјава на Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, дека за фасадата на МЕПСО “важел градежниот закон- веројатно нема да дувне ветар”.

Нашата среќа е сепак, што ниту еден ветар никогаш нема да може да го оддува Дурловски, еден од најсјајните татковци на крвавите глави, и не само тој четврток, кога командата беше дадена да се гине, но главите да паѓаат од другата страна, пред да ги сервираат на барокните фасади. Така само Гоцевиот свет може да се дувне и да се раскрши во парчиња, но за тоа Дурловски повеќе има што да раскажува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.