Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како наставниците гледаат на потребата од реформирање на основното образование?

0
By Нова ТВ on December 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во истражувањето спроведено од МОН и БРО, во текот на ноември 2020 година, 4168 наставници од основното образование (2168 предметни и 2000 одделенски наставници) одговорија на електронскиот прашалник за да го изразат своето мислење за потребата од реформирање на образованието.

Резулатите покажаа дека 82% од наставниците кои учествуваа во истражувањето се согласни околу тоа дека основното образование во нашата земја не е доволно добро и дека е неопходно да се реформира за да се подобри. При тоа, како најголеми слабости на сегашното образование се издвоени: неприлагоденоста на учебниците на потребите на учениците и/или на барањата на наставните програми (67%), барањето да се учат небитни работи кои не им се доволно корисни на учениците (61%) и запоставеноста на воспитната компонента (47%).

Значително помал дел од наставниците сметаат дека меѓу најприсутните слабости се: недоволната стимулација на учениците за критичко размислување (30%) и отсуството на иновативни методи во наставата (14%).

Најголем број од учесниците (75%) сметаат дека учебниците и наставните материјали се најприоритетна сфера на реформирање. За 72% од наставниците најбитна промена што треба да се преземе во оваа сфера за да се подобри образованието е подготвката на нови учебници по повеќето предмети, а за 48% тоа е овозможувањето поголема слобода да користат и други наставни материјали заедно со учебниците.

Реформирањето на наставните програми се смета за приоритет од страна на повеќето учесници во истражувањето (64%). Во оваа сфера, како најбитни промени кои би довеле до подобрување на образованието се наведуваат: усогласување на содржините и целите со потребите/интересите на учениците (57%) и намалување на обемот на наставните теми/содржини опфатени со програмите од повеќето предмети (52%). Околу една третина од учесниците посочуваат на обуката на наставниците (37%) и/или на наставниот план (36%) како најприоритетни сфери за реформирање.

При тоа, за најбитни промени во наставниот план кои водат кон подобрување на образованието се сметаат: Намалувањето на бројот на постоечките предмети преку обединување на сродните предмети и/или вклучување на содржините од некои предмети во други (64%) и промената во бројот на предвидените часови за голем дел од предметите (53%).

Најбитните посочени промени за подобрување во сферата на обуките на наставниците се однесуват на континуирана институционална поддршка на наставниците при спроведување на промените (52%) и на продолжување на траењето на обуките кои истовремено треба да бидат практични и ориентирани кон стекнување вештини (44%). Иако оценувањето и поучувањето, во споредба со другите сфери, се сметаат за помалку приоритетни за реформирање (посочени само од 20%, односно од 13% од учесниците како најприоритетни), сепак, наставниците укажуваат на начини како тие може да се подобрат. При тоа, најголем број од наставниците се согласни околу тоа дека оценувањето би било поквалитетно и пообјективно доколку при формирање на оценката се користат повеќе различни техники, како тестови, усни испрашувања, проекти, изведбени активности и сл. (62%) и/или доколку се постават јасни критериуми за формирање на оценките (35%).

Истовремено, наставниците се скоро подеднакво распоредени околу различните можности за подобрување на поучувањето во функција на подобрување на образованието во целина: Учениците да имаат помалку предавања, а повеќе да работат на истражувања и проекти (43%), наставниците да користат повеќе интерактивни методи кои обезбедуват сите ученици да бидат активни за време на часовите (41%) и/или на наставниците да им се даде поголема слобода да користат повеќе разновидни наставни методи (37%) и/или 9 наставни материјали (видео/аудио материјали, дигитални содржини, креирани сценарија и сл.) кои самите ги избираат или креираат (33%).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.