Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како СДСМ не разбира политика

0
By Биљана Секуловска on January 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога не разбирате политика, како што е тоа случајот со министерката за правда, Рената Десковска, а и генерално, со СДСМ, тогаш нема никогаш да можете да сфатите и да го дозволите барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски- прекин на сите истраги против поранешните високи функционери на оваа партија, како услов за нов Закон за јавно обвинителство.

Овој генијален потег на Мицковски за добивање на предност, е еден од најстарите преговарачки маневри и стратегии во историјата на политиката, на кој можат да се сетат само великани од лидери и државници.

Ова е светски познат и признат факт, запишуван низ годиниве низ светските библиотеки и љубоморно чуван низ архивите, кои досегаат до Александрија, особено кога станува збор за највисоките дострели на водење на сериозна, издржана и одговорна политика, за што треба да му се оддаде признание на Мицковски.

Но, од каде добога, тоа би го разбрала Десковска, или пак лидерството на СДСМ, ве молам.

Нивното барање за поддршка за правда и правна држава е застарен метод за водење на демократска држава и демократија воопшто. Политиката не смее да се сфати буквално како што Десковска тоа го разбрала, да се учат напамет учебниците по демократија и да се везат низ пракса тие тетратки, на нејасен, сувопарен јазик, кој станува низ годините неразбирлив и нечиток за нив.  Како што се таложат злоупотребите, криминалот и корупцијата, како што подоцна се трупаат досиејата за истраги на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, така таа бездна во која паѓа демократијата се зголемува, така и јазот за демократско чуло се продлабочува.

Политиката, тоа е процес кој пред сè  мора да се толкува мисловно, пофилозофски, занесено, да бидете опиени од ројот мисли кои набубруваат и се слеваат низ телото и го оросуваат, во стилот на древните мудреци и мислители.

За тоа е потребно да сте осамени, насред пустелија до која не допира хаосот на бесмислата и апсурдот на секојдневието, да бидете седнати удобно и сигурно на цврста гранка на некое раскошно, напуштено дрво, со втиснати прсти на слепоочниците, насред тешката и бујна глава, за да не попречуваат премногу останатите звуци од мисли, кои ништо добро и мудро не можат да донесат.

Така се води држава и се гради демократија, како што замислил Мицковски- што е добар повод да се потсетиме на советите на Макијавели: “А кој мисли дека новите добрини кај големите личности овозможуваат да се заборават старите навреди, се лаже”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.