Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како се случи катастрофата во Обреновац:Го минирале патот, а го поплавија градот

0
By Нова ТВ on June 1, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обреновац е поплавен од реката Тамнава зашто екипата на „Србијавода“ го минирала патот, после што големата поплава го погоди во овој град, објавува Блиц.

Тамнава во четвртокот на 15 мај подиве и се закануваше дека ќе ги поплави Коцељево. Мостот покрај ова место, на патот Ваљево-Шабац се урна под ударот во реката, направи брана и водата почна да се излева кон Коцељево. Екипата на „Србијавода“ за да го спаси местото од поплава го дига во воздух регионалниот пат за да ја пренасочи Тамнава. После тоа водата го менува правецот и тргнува кон Обреновац.

Во четврток околу 23 часот, во некои делови од Обреновац луѓето слушнале експлозија и кратко после тоа населбата Пироман во Обреновац била под вода. После тоа во петокот, во еден часот наутро, се поплавува и местото Велико Поље каде луѓето едвај извлекле жива глава, зашто водата буквално ги затекнала на спиење, објавува Блиц.
До тогаш надлежните во Обреновац се подготвуваа за Колубара и Сава и не ни очекуваа дека катастрофата се заканува од грб, од Тамнава. Никој не ги известил. Тоа го потврди и Мирослав Чучковиќ, претседател на општината Обреновац, кој пред два дена за РТС изјави дека не очекува дека Тамнава ќе го направи ова катастрофално сценарио и дека силите биле ангажирани кон другите водотеци.

Дека „Србијавода“ се одговорни што Тамнава го променила патот, може да се заклучи и од изјавата на Горан Пузовиќ, директор на „Србијавода“ кој на 18.мај за Блиц на прашањето, кога најмногу се уплашивте, одговорил:

-Таа ноќ во Коцељево Тамнава го однесе мостот во 11 часот навечер и кога водата почна да расте со голема брзина и да ги загрозува населбите. Моравме да го пресечеме патот, за да ја пуштиме водата која растеше во нивите и за го запреме нејзиното влегување во куќите. Во истовреме снема и струја. Имате 4.000 куќи кои се под вода, луѓето викаа, а не можете да им пријдете, не знаете каде се улиците… рекол тогаш Пузовиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.