Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како свињата стана гениј

0
By Биљана Секуловска on August 29, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гертруда е една заоблена, весела свиња, која грокта гласно и самозадоволно, додека се прпелка и оптегнува низ калливите патеки на славата. Драгата таа-веќе два месеци во главата има вградено компјутерски чип, голем како една паричка. Идејата на иноваторот Илон Маск е крајно едноставна- да се поврзе човечкиот мозок со Интернет, а за тој потфат, барем на почетокот, му беше потребна токму нашата Гертруда.

Таа е родена со сериозна мисија да ја смени историјата на светот. О, секако, тоа нејзино тромо одење и на секој час потседнување за да одмори, всушност е прилично инспиративен и возбудлив живот. Кој да знае дека и така може да изгледа еден свински живот.

За разлика од многумина од нас, таа е атрактивна комбинација на гениј и безработник, и да, таа веќе откако е родена, на нас гледа со презир и потсмев. Тоа сме ние за неа- повеќето од нас одбивни мрзеливци, неупотребливи битија, бескорисни влекачи, некадарни да и пружиме каква било корисна информација што ќе го нахрани нејзиното иноваторско его.

Некаде на другиот крај на светот, во Македонија, една друга иновација, сосема различна од онаа на Гертруда, е усовршена до беспрекорност. Тоа е проект кој трае веќе повеќе од една деценија- создавање и негување на стотици илјади мозоци на гигантската администрација на една мала и млада земја, која не може да го издржи тој товар на плаќање за нивниот траен инвалидитет- бескорисноста.

Токму заради нивната огромна бројка, бирократите низ деценијава создале беспрекорен механизам на самоодржливост и неуништливост. За тие потреби, имаат исто така вградено чип, но за разлика од Гертруда, тој е исклучен од сите фреквенции, штекери и жици со надворешниот свет.

Но, и нивниот сопствен, внатрешен свет не е поврзан со ниту една стабилна база, ниту пак имаат постоечки систем, а ниту некаков, барем маглив концепт- за што воопшто се присутни, кога се така, дури до болка, видливо отсутни.

Чипот кој самите го конструирале, со помош на партискиот апаратус, всушност постои за да се стори се за тие да не постојат. Практично, тој служи за  да се овозможи нивната невидливост, сеедно дали се физички присутни или рамковно отсутни, тоа не ви менува ништо, затоа што секогаш имате совршено изградено чувство дека не постојат.

Затоа, деновиве прочитав, се најавува вмрежување на сите комјутери во земјава, од сите институции, потфат на новата Влада на Заев. На тој начин, администрацијата и во исто време и граѓаните ќе ги добиваат веднаш сите потребни информации, со само еден клик на компјутерот.

Но, знаете и сами- ништо не оди така мазно и брзо, секако не во оваа земја. Штета, навистина штета- нашава администрација, дури да дознае за сопствениот нов живот во кој компјутерското поврзување ќе стане реалност, се ќе се смени.

За тоа време, Гертруда одамна ќе замине во вечноста, ќе почива во мир, благодарна на 21. век, во кој допринела некој гениј како Илон Маск да биде награден со Нобелова награда за револуционерно откритие.

Ви велам, не секоја Гертруда треба да се гледа како одбивна, трома и презрена свиња. Затоа што, таа не е обична свиња, од оние нам добро познатите. Таа не го сфатила животот како каллив проток на поминување на времето, во кое смислата се гледа ништо да не се прави, ништо да не се чини. Поинаку, се знае што следува- само може да се добие навреда дека некој е обична бескорисна свиња, и ништо повеќе од тоа. А Гертруда секако тоа не го заслужува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.