Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Цепенко му бараше излез на Заев

0
By Биљана Секуловска on July 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имаме ние подобар збор од оној кој го употребуваат македонските медиуми- пренкови, кога ги опишуваат руските кловнови кои низ неколку телефонски епизоди му се претставувале на Заев како Порошенко и Столтенберг.

На убав, чист прилепски, нема поубав јазик, Цепенко го минал векот раскажувајќи разни шеги, анегдоти, собирал мудрости, пословици, сказни и приказни за да научиме нешто, од него, од народот, само за тоа бил тој тука. И насекаде ги има нив- значи, мајтапчиите.

Ако сте пораснале со Марко Цепенко, тогаш ја знаете и приказната за “Тројцата другари: Трескаио, Ќелешо и Мрсулаио”. Сеедно, можеби само сте чуле за неа, убава е таа приказна, како сите негови други, кратки доволно, заразно забавни, остроумни.  Иако приказнава нема никаква врска со Заев и мајтапчиите, има сепак поука, затоа што во секој мајтап, Цепенко бара излез, затоа мора да се дојде до некој разумен исход, смисол, некаква чесна завршница, на крајот на денот.

Што да прави друго Цепенко,  смее ли да крене раце од нас, вакви наивни, непромислени, сакаат да сторат сè, а не можат, кратко е времето а и векот, а Цепенко сака да го продолжи секогаш тој краток наш век со тоа кутро наравоучение.

Така, тој морал да оди од куќа до куќа, да ги запишува старите приказни, низ вековите раскажувани, осмислувани, дополнувани подоцна од него, со лекцијата која еднаш мора да се научи, макар преку потешкиот пат, со стапот на Цепенко.

Идејата е таа- нашиов прилепчанец сака да ни објасни дека сепак мора да се има план во целата фарса, апсурдна ситуација, поинаку нема да можеме да се извлечеме. Исто како и Заев што треба да го најде сега излезот после оние двајца циркузанти.  Ако некаде на крајот одите, таму е лекцијата: “Што ти велаат: маката го учи човека”.

Слично некако и Заев, оваа мака со мајтапов сега ќе мора да го научи на вистинските траги на науката- да се биде по професија политичар.

Во ред, не мора да го познавате Заев за да заклучите- тој длабоко во срцето им верува на своите советници, или можеби до крај и не, но она што тој не сака да го признае, е сопствениот пораз во градењето на советничкото царство, од кое или тој бегал, или можеби предоцна ја гледа трулоста.

Тие пак, нашиве советници, којзнае дали се баш сите до еден за безрезервно верување, но можеби има и позадина која ја комплицира сета оваа луда приказна- којзнае дали воопшто сè знаат, за секој чекор и потег, низ годиниве поминати со него, со нас.

Претпоставувам дека најмногу тој си верува на себе, иако таа длабока верба во себе секако дека мора биде со секојдневно преиспитување, резерва и дистанца, но кој да има време за такви политички изострени финеси и вратоломии, стратегии и длабински самоанализи, можеби си вели сега тој.

Се нема време кога телефоните постојано ѕвонат, посетите се трупаат, должностите се редат, се станува ужасно премногу после извесно време, се нема време за едно подолго издишување од туѓиот  воздух кој нападнал од сите страни.

Конечно, врвот нуди позиција која е најнеблагодарна, а за која многу политичари залажувајќи се, ви велат дека се имуни: да се оттргнете од реалноста, затоа што никој не ви кажува дека некогаш лошо изгледаат работите околу вас, но со вас. Се кажува, но никогаш докрај не се завршува реченицата која станува непријатна, претешки се тие зборови, никој не знае од каде да почне, а однапред знае дека крајот ќе биде изоставен.

Дури и некои од новинарите стануваат стопени во честа да се биде во кругот, или можеби немаат срце, или имаат интерес,  или го немаат конечно воопшто, или биваат одбивани да бидат слушнати, но така и заедно  се создава пеколот. Тоа е најлесниот, најбрзиот пат до него.

Но, нема никогаш кој ова да му го каже, што е штета, подоцна ќе се испостави дека била една од поголемите штети, направена можеби на почетокот и со чесни, отворени мисли.

Поплочен со добри намери е тој пат, но начинот на кој го поминува Заев ќе мора да го преиспита, овојпат сосема сам. Зашто само така изгледа вистинскиот пат во политиката, која мора да се знае дека е сериозна и мачна професија, а тој пат, кога е веќе започнат, мора по најтешкиот начин да се изодува, за да се успее.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.