Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како уредникот на „Економист“ предизвика меѓународен инцидент и загриженост

0
By Влатко Чаловски on December 8, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како уредникот на „Економист“ предизвика меѓународен инцидент, загриженост и лавина реакции.

Гласините дека украинскиот Претседател се согласил неговата земја да и се придружи на Царинската унија со Русија, предизвикаа бес во Киев, каде што демонстрантите повикуваат милиони луѓе да протестираат денес.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, вели дека на средбата Јанукович-Путин не станало збор околу тоа Украина да и се придружи на Русија во Царинската унија. Тие не зборувале за ништо.

Јанукович: Бев во Кина, има Кинези таму.

Путин: Валканата вода излегува од моите славини

По добиените информации од високи дипломати од Западот, кои на уредникот на „Економист“ му соопштиле дека Јанукович одлучил да и се придружи на Русија и да се оддалечи од Европа засекогаш, уредникот на „Економист“ објавил серија твитови:

Лукас: Слушнав дека Јануковиќ денеска во Сочи потпишал стратегиски договор со Русија кој вклучува 5 милијарди долари однапред, 200 долари цена на гасот + договор за придружба кон Царинската унија

Во следниот твит, Едвард Лукас, страствен критичар на Кремљ, потврдил дека информациите се неофицијални.

Лукас: Техничките детали подготвени во Москва. Владите од Западот збунети (Неофицијално, но изворот многу веродостоен)

Но, исто така шпекулацијата ја третира како факт:

Лукас: За очекување е трибина од Путин и многу лута реакција (вонредна состојба) во Украина

И понудените бројки на руската финансиска помош ќе помогнат да се поткрепи економијата на Украина:

Лукас: Кешот за Јанукович може да достигне до 15 милијарди долари

Аналитичарите збунети:

Стивен Сестанович од Универзитетот Колумбија во Њујорк на Твитер пишува „Ако Јанукович се одлучи за Царинската унија, тогаш е многу поглуп отколку што мислев за него“.

Мајкл Вилард, шеф на маркетинг агенција која има седиште и во Киев, вели „Ова не може да биде точно, би било право плукање во лицето на Украинците“.

„ Цела Украина е сега будна поради Едвард Лукас. Би било добро да е во право, поради себе. Би било добро да греши, за иднината на Украина“, пишува авторот Леонид Рагозин.

И про-европските Украинци се во очај, односно новинарот Јури Бендер, вели „ Доколку Јанукович навистина потпишал договор со Царинската унија во Сочи, како што известуваат, тогаш тој е крив за предавство на Украина“. Слични објави и размислувања можат да се најдат на Твитер и од други про-европски истомисленици, кои веруваат дека доколку шпекулациите се точни, Јанукович е најголемиот предавник на сопствената земја.

Едвард Лукас пак, ги отфрли сите шпекулации околу тоа дали можеби профилот на социјалната мрежа му е хакиран, и со овој твит потврдува дека бил во авион речиси три часа, дека се надева информациите дека се грешни, но вели изворите се веродостојни.

Медиумите во Украина и Русија веќе ги пренесоа твитовите на уредникот на Економист и засега нема точни информации околу состанокот Путин-Јанукович, но тензиите во земјата не се смируваат.

За денес, во Киев се очекуваат најголемите протести во земјата, во која демонстрантите неколку недели бараат оставка на Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.