Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Kако Заев мисли дека функционира солидарностa

0
By Биљана Секуловска on March 28, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската научна елита (политиколози, филозофи, социолози) во едно е согласна- светот после Корона вирусот нема да биде ист.

Но, нивните предикции, ниту малку романтични за влез во подобар, поправеден свет, имаат силна поврзаност со економските мерки кои ги најави Заев и кои точно го отсликуваат светот каков што отсекогаш бил. Многу ретко фер, праведен, правичен и никогаш барем малку олеснет за ниските слоеви- работниците, економски обесправените, понижените, но и за средната класа која нагло, стрмоглаво осиромаши, особено во земји како Македонија.

Корупцијата и криминалот на политичките и економските елити го дефинираа владеењето на децениското владеење на Груевски и токму затоа, Заев можеше да порачи дека сега товарот мора да го преземат и сите оние кои профитираа токму преку пустошење на државата. Но, тој тоа не го стори.

Пресилните изјави на Заев дека тој товар мора сите да го понесеме ќе беа разбирливи и дури и прифатливи, доколку во неговото тригодишно владеење не се конципираше јасна политика- на ставање крај на мастoдонската администрација, на прегломазната советничка структура, на бесцелните министерски функции без ресори (го изземам Едмонд Адеми), на неверојатните директорски плати и нивните изживувања со службените автомобили, шофери, мебел, патни трошоци, што уште не, колку уште не. Доколку сега тој рез не се направи, идејата и идеалите на солидарноста за која говори Заев ќе бидат многу брзо поткопани и срушени, но и врз неговиот грб, не само врз преморените, слабите и финансиски немоќните.

Токму и за тоа говорат предвидувањата на светските мислители- како ќе изгледа светот по пандемијата на Корона вирусот- зависноста од останатите земји, и принципите на глобализацијата повеќе нема да бидат движечката сила на светот. Затворањето во своите граници ќе ја покаже компететноста на политичките елити- колку тие можат да одговорат на барањата на сопствените нации и држави. Национализмот и авторитарноста иако ќе се зајакнат,  на долг рок нема да можат да бидат одговор на економската штета и избавувањето од финанскиот колапс.

Денешната младина, од која сега се бара да се жртвува за постарите, послабите (статистички, мнозинството под ризик да заболат се токму тие ранливи категории), еден ден ќе се крене, трескајќи на масата-  не не слушавте кога беше неопходно, кога ги игнориравте нашите барања за излез од климатските промени, за глобализацијата, работничките права, алчноста за профит. Тогаш не се жртвуваа профитите, лагодноста и суровоста на нео-либерализмот. Ние ве послушавме и сега се жртвуваме, седејќи дома. Но, само под еден услов- светот да се смени по нашите правила и диктати, ако сакате да опстанете, политички, се разбира.

“Политичката моќ ќе припадне на оние кои ќе можат да покажат најмногу емпатија кон останатите. Доминантните економски сектори исто така ќе бидат поврзани со емпатијата: здравството, угостителството, храната, образованието и животната средина. Потпирајќи се, секако, на најголемите мрежи на производство и проток на енергија и информации, кои се неопходни во секој случај.” (Жак Атали).

Она што ги интересира лидерите е нивното политичко преживување, кој ќе ја добие политичката моќ, што е добра, корисна порака и за Заев, која досега не ја послуша.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.