Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Заев зададе удар во идентитетот на груевизмот

0
By Биљана Секуловска on June 30, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не ми чепкајте во идентитетот, не ми чепкајте во груевизмот, тоа е мојот примарен, единствен, само мој идентитет. Тоа е се што имав, се што ми остана, што не смее да се жртвува.

Ќе ви речат оние кои ги уриваа и сотруваа вистинските споменици на идентитетот, градејќи нови, мислеа поубави, затоа и беа повисоки, пограмадни, застрашувачки.

Тоа беа споменици на културата на груевизмот- идентитетот беа криминалот, корупцијата, злоупотребите, финансиските и сите други малверзации, непотизмот, нерешените самоубиства, политичките затвореници… продолжете сами, допишете ја сета историја на  пустошот кој го оставија зад себе.

Тоа беше нивниот идентитет- идилична храна на национализам која ја нудеа и продаваа како патриотизам, херојство, во комбинација со идолатрија на Груевски. Притоа финански поткрепени, живнати, спокојни, манипулираа и се изживуваа со неспокојот, со стравовите, со незнаењето и конфузијата околу идентитетот, големата македонштина.

Сега повторно се вадат на маса истите шаховски фигури- сеедно што над нив демнее опасност тие да бидат разиграни низ некои затворски ќелии.

Откако рефeрендумот е на таа иста маса, на цена станува повторно груевистичката пропаганда- манипулацијата, лагата, изигрувањето, подигрувањето со чувствата на оние кои не знаат, не разбираат, на оние кои стравуваат, на сите оние кои се на овој или оној начин повредени во ерата на груевизмот и не веруваат никому, легнуваат и се будат со сомнежи, со дилеми, со преиспитувања, оние кои прекопнале од сета таа неизвесност.

Лагите и манипулациите кои ги сервираат се истите оние чиј идентитет го осознавме- коруптивен, криминоген, неморален: дека со Договорот со Грција се одзема идентитетот, а наспроти тоа се фактите, погледајте ги фактите: јазикот останува македонски, националноста/државноста- македонска/ граѓани на Република Северна Македонија.

Со решавањето на споровите со соседите, со најавите на започнување на преговори со ЕУ, со поканата за НАТО, навистина има нешто и загрозено. Тоа е груевистичкиот идентитет секако, но на тоа ние се надевавме, ние силно се надевавме токму на тоа, најмногу на тоа.

 

Фото: МИА – Судење на Груевски за случајот ТНТ

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.