Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Какво политичко наследство остави убиениот Шинзо Абе

0
By Соња Крамарска on July 8, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шинзо Абе беше политички аристократ долго време подготвуван за власт. Премиер со најдолг стаж, тој беше можеби и најполаризирачкиот, најкомплексниот политичар во поновата јапонска историја.

Абе, кој беше убиен денеска, ги налути и либералите дома и жртвите од Втората светска војна во Азија со неговиот огромен притисок за обновување на војската и неговиот ревизионистички став дека Јапонија доби неправедна пресуда од историјата за нејзиното брутално минато.

Во исто време, тој ја ревитализираше јапонската економија, ги предводеше напорите нацијата да преземе посилна улога во Азија и служеше како редок светилник на политичката стабилност пред да се повлече пред две години од здравствени причини.

„Тој е највисоката политичка фигура во Јапонија во последните неколку децении“, вели Дејв Лехени, политиколог од Универзитетот Васеда. „Тој сакаше Јапонија да биде почитувана на глобалната сцена на начин на кој сметаше дека е заслужено. Тој исто така сакаше Јапонија да не мора постојано да се извинува за Втората светска војна“.

Абе, кој почина откако беше застрелан за време на предизборниот говор, имаше 67 години. Полицијата го уапси осомничениот вооружен напаѓач на местото на нападот, кој шокираше многумина во Јапонија, една од најбезбедните нации во светот со некои од најстрогите закони за контрола на оружјето. Во близина на осомничениот имало направа со две цевки за која се верувадека е рачно изработен пиштол.

Абе веруваше дека јапонската повоена историја на економски успех, мир и глобална соработка е нешто на што „другите земји треба да обрнат повеќе внимание и дека Јапонците треба да се гордеат“, рече Лехени.

Тој беше миленик на конзервативците, но навреден од многу либерали во Јапонија. И ниедна политика не доведе до толкава поларизација од неговиот неуспешен сон да го ревидира уставот на Јапонија во поглед на војната. Неговиот ултра-национализам ги налути и Северна и Јужна Кореја, и Кина, двете воени жртви на Јапонија. Тој притисок за уставна ревизија произлезе од неговата лична историја. Дедото на Абе, поранешниот премиер Нобусуке Киши, го презираше уставот изготвен од САД, усвоен за време на американската повоена окупација. За Абе, исто така, повелбата од 1947 година беше симбол на она што тој го гледаше како неправедно наследство од воениот пораз на Јапонија и наметнување на светскиот поредок на победниците и западните вредности.

Според тој устав Јапонија се откажува од употребата на сила во меѓународните конфликти и ја ограничува јапонската војска на самоодбрана, иако земјата има добро опремена модерна армија, морнарица и воздухопловни сили кои тесно соработуваат со Соединетите држави, главниот сојузник на Јапонија.

Слабата јавна поддршка за промените на уставот го ослабе притисокот на Абе, но неговата идеја сè уште ужива поддршка од неговите ултра-конзервативни поддржувачи.

Абе се спротивстави на повоените договори и на трибуналот што им судеше на јапонските воени злосторници. Неговата политичка реторика често се фокусираше на тоа да ја направи Јапонија „нормална“ и „убава“ нација со посилна војска и поголема улога во меѓународните односи. Тој, исто така, беше движечка сила за напорите на јапонските конзервативци да ги омекнат јапонските воени злосторства и да се залагаат за крај на извинувањата за злосторствата.

Поддржувачите укажуваат на неговите напори да го подигне угледот на Јапонија на меѓународната сцена и неговиот предлог за нов поредок на демократии со истомисленици како контра на подемот на Кина, нешто што Вашингтон го одобруваше.

Абе исто така имаше големо влијание врз политиките на актуелниот премиер Фумио Кишида, притискајќи го за зајакнување на воената способност, вклучително и способност за превентивен напад.

Абе се повлече од премиерската функција во 2020 година, бидејќи рече дека стомачниот чир што го имал уште од тинејџерските години, повторно се појавил. Тој тогаш им рече на новинарите дека е „огорчен“ што остави многу од неговите цели неостварени. Покрај неуспехот во уставната ревизија, тој исто така не беше во можност да реши неколку други недовршени наследства од војната, вклучително и нормализирање на врските со Северна Кореја, решавање на споровите за островите со соседите и потпишување мировен договор со Русија со кој формално ги завршуваат нивните непријателства во Втората светска војна.

Абе рече дека е горд што работи за посилна јапонско-американска безбедносна алијанса и ја овековечи првата посета на претседател на САД на градот Хирошима, врз кој Американците фрлија атомска бомба. Тој, исто така, му помогна на Токио да добие право да биде домаќин на Олимпијадата во 2020 година со тоа што вети дека катастрофата во нуклеарната централа Фукушима била „под контрола“, иако не беше.

Абе стана најмладиот јапонски премиер во 2006 година, на 52-годишна возраст, но неговиот прв мандат ненадејно заврши една година подоцна, исто така поради неговото здравје. Кога се врати на функцијата во 2012 година, Абе вети дека ќе ја ревитализира нацијата и ќе ја извлече нејзината економија од нејзиниот дефлациски застој со неговата формула „Абеномикс“, која комбинираше фискален стимул, монетарно олеснување и структурни реформи.

Тој победи на шест избори и изгради цврста контрола врз моќта, зајакнувајќи ја одбранбената улога на Јапонија и нејзиниот безбедносен сојуз со САД. Тој, исто така, го засили патриотското образование во училиштата и го подигна меѓународниот профил на Јапонија.

Абе ја напушти функцијата како премиер со најдолг стаж на функцијата засенувајќи го рекордот на Еисаку Сато, неговиот пра-вујко, кој служеше 2.798 дена од 1964 до 1972 година. (Асошиетед Прес)

политичко наследство Шинзо Абе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.