Со парична казна од 50 евра или општо –корисна работа,е казнет прeтседателот на Хелсиншкиот комитет на Македонија и професор на правниот факултет на УКИМ, Гордан Калајџиев.
Утринава во 9 часот тој беше повикан на информативен разговор, во врска со негово учество на протест на „Шарената револуција“. Против него била поднесена прекршочна пријава заради нарушување на одредби од законот за чистота, заради фрлање боја.
Поканата за информативен разговор на Калајџиев му ја предале полицајци, кои со службено полициско возило го дочекале пред неговиот дом, кога тој со синот се враќал од прошетка низ градот.