Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калајџиев за измените на КЗ: Со затворски казни како во 19. век проблемите се зголемуваат, не се решаваат

0
By Ана Василевска on September 6, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Гордан Калајџиев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 6, 2023 15:52

Подобро е да се осигура дека злоупотребите на службената должност ќе бидат почесто казнувани, отколку како сега, да биде казнет еден од сто функционери со драконска затворска казна, вели професорот по кривично право Гордан Калајџиев во врска со предложените измени на Кривичниот законик со кој се намалуваат казните за делата злоупотреба на службената должност и овластување, конкретно членот 353 и злосторничко здружување, односно членот 394 од КЗ. Професорот потенцира дека одамна се води расправа за членот 353 од Кривичниот закон, во смисла дали тој е преширок и дали правилно се толкува. Според Кајалџиев, членот се толкува на начин дека ако настане штета, тоа е корупција, а корупцијата е дејство за придобивање лична корист и дополнително, со прогласување на настаната штета без да се утврди надомесок за таа штета се промашува суштината на ова кривично дело.

– Ние одиме нагоре со казните, воведуваме повисоки затворски казни, а ефикасноста на казнената политика не ја постигнува целта и работи под притисок на јавноста. Не се постигнува ефект со строги и долги затворски казни, туку со редовни казни, со осигураност дека до казната ќе дојде. Треба да е извесно дека ќе бидат фатени и казнети, како што е извесно дека пајакот ќе ви го собере неправилно паркираниот автомобил. Значи, за лукратвни, коруптивни дела против службената должност поважно е да има олеснет пристап до конфискација на имотот отколку висока затворска казна. Стравот од строга казна не го дава посакуваниот ефект, затоа што ако се казнува еден од 100 функционери, другите пак ќе ризикуваат во вакви околности, си велат зошто да не, голема е можноста да профитираат, а мала да ги казнат. Многу е подобро да имаме почесто казнување и олеснет пристап до проширена конфискација на имот – вели професорот Калајџиев за „Слободен печат“.

Тој вели дека со овие измени на Кривичниот законик се олеснува проширената конфискација на имот, што е добро. Според професорот сега тешко се докажува дека конкретен имот е стекнат од кривично дело, а со измените се олеснува товарот на докажувањето.

– Не знам зошто не го забрзаат носењето на законот за граѓанска конфискација на имотот, веројатно затоа што политичарите не го сакаат, се плашат од такво решение. Тоа е дел од либералното право, многу проблематично и критикувано на Запад, ама сè повеќе земји го користат. Тоа е можност за одземање на сомнително стекнат имот, без да се утврди кривично дело – вели Калајџиев.

Тој додава дека е застапник за нова казнена политика и за зголемување на улогата на повисоките судови и повисоките обвинителства, кои треба да да настапуваат поагресивно со финансикси истраги и конфискации.

– Со затворски казни како од 19. век, со долги затвори, не се решава ништо, напротив, само се зголемуваат проблемите, оти нашите затвори се со катастрофално лоши услови. Јас сум за целосна промена, казнената политика за сите дела од Кривичниот законик да се намали за една третина. Сега во праксата во анонимни случаи судовите многу ја користат условната казна што не е лошо, ама во јавно експонирани случаи судат под притисок на јавноста. Сето тоа е разбирливо, јавноста реагира на долгогодишната неказнивост на функционерите за разни злоупотреби, но не е поената сиот бес да се истури на првиот следен случај со злоупотреба, како што е сега примерот со случајот Онкологија. Никого не бранам, но и актерите во овој случај се жртви на нефункционалниот систем кој ги оставил во комоција да ги сторат делата за кои се под истрага – Калајџиев.

Тој додава дека работите многу с гледаат од аспект на дневна политика, а не суштински, и повторно потенцира дека суштината освен казнувањето е и „украдените пари да се вратат, бројчаникот да врти“.

– Конфискацијата мора да заживее. Коруптивниот елемнт се трга и од делото несовесно работење, но тоа не значи дека се прави декриминализација на делото, туку дека и за помали и за поголеми пропусти ќе може почесто да се казнува – вели тој.

За европското знаменце со кои се турка во итна постапка оваа законска измена во Собранието, Калајџиев вели дека тоа се влече од другите одредби што се менуваат, а кои се за усогласување со ЕУ-директивите и се однесуваат на еколопки криминал, екоцид и други дела што се опфатени во законските измени.

Предлогот за законски измени на КЗ стаса во Собранието вчера попладне од Владата. Со една од промените се предвидува дека злупотребата на службената должност ќе се казни со казна затвор од една до 4 години, а со воведувањето на горната граница од 4 години делото може побрзо да застари од можноста за застарување со сегашното решение, според кое, пак, казната затвор е дефинирана на најмалку три години и нема горна граница. За делото злосторничко здружување се предлада пропишана казна затвор од десет години да се намали на најмногу три години.

Слични измени на КЗ беа предложени во Собранието и претходно, во периодот пред да се гласа за уставните измени за проемна на името, но по бурните реакции на дел од тогашните пратеници законот беше повлечен. И сегашниот предлог веќе предизвикува реакции во јавноста во смисла дека се предлага закон со кој ќе се спасат функционерите од претходната власт кои се обвинети за разни злоупотреби во предметите што ги водеше поранешното СЈО, како и актуелните функционери во евентуални идни обвиненија за злоупотреба на службената должност и овластувања.

Извор: Слободен печат

Гордан Калајџиев злоупотреба на службена должност Измени на КЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.