Не можеме да зборуваме за признавање или непризнавање на јазик, бидејќи во меѓународното право не може да има признавање на јазик, бидејќи тој е нешто живо, се развива и не може да се поправи, коментира поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија Ивајло Калфин за БНР во врска со македонскиот јазик и неговото непризнавање од Бугарија.
Според него, Бугарија има право да изрази национален став по ова прашање, но тоа е максимумот што може да се случи. Тој додаде дека ниту бугарскиот јазик никаде во странство не е признаен со експлицитна норма, а во Бугарија вели тој можеме да мислиме што сакаме за македонскиот јазик, но тоа нема да доведе до никакви правни последици во странство. (Р.Н.)