Опозициската партија во Камбоџа ги отфрли резултатите од националните избори во земјата, со кои му додели уште една победа на долгогодишниот премиер Хун Сен, јавува Си-Ен-Ен.
Камбоџанската партија за Национално спасување (CNRP) денеска изјави дека гласањето викендов беше нарушено со нерегуларности, и побара истрага.
Камбоџанците излегоа на гласање вчера.
Според прелиминарните резултати објавени од страна на Државната изборна комисија, опозицијата освои 55 места. Но бројот не беше доволно голем за да ја соборат владејачката Камбоџа народна партија, која победи со земање на 68 места.