Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каменос: Ќе направиме се за да спречиме ратификација на нацрт-договорот во Парламентот

0
By Нова ТВ on June 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе се обидеме на кој било начин да го блокираме ратификувањето на Договорот и бараме да се гласа со зголемено мнозинство, порача претседателот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката Влада, Панос Каменос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, по вонредната седница на пратеничката група на неговата партија, Каменос ги откри неговите планови во однос на Договорот или како што неколку пати го нарече „нацрт- договорот“.

Тој откри дека од Ципрас побарал наместо со 151, ратификацијата да биде со 180 гласа од пратениците.

– Не се согласуваме со договорот, бараме 180 пратеници и јавно се обврзуваме дека ќе ја спречиме ратификацијата на Договорот во грчкиот парламент. Грците не треба да се загрижени за овој нацрт договор што не обврзува никој се до ратификацијата, дека за ратификацијата ќе бидеме тука, за на било кој начин да го блокираме ратификувањето, порача Каменос и објасни дека доколку Ципрас не го прифати предлогот за 180 пратеници, тогаш тие нема да останат во владата.

Лидерот на Независни Грци, изрази убеденост дека Договорот „никогаш нема да дојде во парламентот“, поради тоа што, како што рече „Република Скопје“, нема да ги заврши предвидените обврски.

– Овој договор, нема да може да помине од државата на Скопје. Пред малку, претседателот на Република Скопје побара и испрати јасна порака кон премиерот на Скопје дека ако сакаат, може да го соборат, односно да го соборат преку референдум, истакна коалициониот партнер во грчката Влада.

Во однос на содржината на Договорот, Каменос рече дека нема никаква правна сила, се додека не се ратификува и ги обвини грчките опозициски партии дека го отстапиле терминот „Македонија“.

– Овој договор, овој нацрт договор нема никаков правен резултат како што се обидуваат некои да го претстават преку одредени медиуми, особени оние што, многу порано го отстапија терминот „Македонија“, а меѓу нив и Нова демократија што со официјално изјави на нејзиниот претседател говори за ерга омнес и сложено име и ПАСОК што ја потпиша Времената спогодба, но и други партии што се формираа по 2012, порача Каменос.

Кусо пред почетокот на прес-конференцијата на Каменос, портпаролот на грчката влада, на редовниот брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема да се побара зголемено мнозинство од 180 пратеници, бидејќи за конкретниот договор, тоа не го налага Уставот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.