Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО)КАМЕНОТ ОД БЛИСКУ ДОАЃА: На кого ли мисли Силјановска со „опасна фамилијаризација“ во универзитетите?

0
By Ана Василевска on October 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За време на собраниската седница за пратенички прашања на 27 октомври, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, поранешна неуспешна кандидатка за претседателската функција, проф. Гордана Силјановска-Давкова, постави прашања во врска со образованието. Таа, во своето излагање, освен што прилично „академски“ му се развика на премиерот Ковачевски, велејќи му дека „тресе глупости“ и да молчи, изнесе и една констатација која најмалку можеше да се очекува од неа.

Пратеничката Силјановска-Давкова рече дека во универзитетите владее „опасна фамилијаризација, да не речам непотизам“.

„Ќе се согласите дека фамилијарните односи не се добар амбиент за натпревар“ – рече таа и го цитираше Законот за високо образование според кој е забранет непотизмот.

Ваков настап и став најмалку можеше да се очекува од универзитетската професорка која држи неколку предмети на Правниот факултет и која силно ја протежира токму шефот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот универзитетски професор, син на универзитетски професор од истиот факултет (Машински). Таа стана претседателска кандидатка, а сега е меѓу најблиските советници на вмровскиот шеф. Овој нејзин настап од собраниската говорница му доаѓа нешто како ладен туш или… Каменот од блиску доаѓа, како што слушнавме во разговорот меѓу Бате Саше и Муса Џафери во 2015 година.

Да видиме како на овој „камен“ ќе реагира Мицкоски. Некои велат дека ќе ѝ забранат да поставува прашања во иднина, да не тресне уште некого. Од блиску.

Џабир Дерала

Гордана Силјановска-Давкова универзитети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.