Камерман хонорарно ангажиран од американската Ен-Би-Си за потребите во Либерија е заразен со вирусот ебола и ќе биде пренесен во САД на лекување, јавуваат светските медиуми.
Ашока Мукпо бил ангажиран во вторникот а симптомите на вирусот кај него се појавиле во средата.
Се верува дека ова е првиот случај на американски новинар да биде заболен од смртоносниот вирус по избувнувањето на епидемијата на болеста во Западна Африка.
Воедно тој е четвртиот Американец кој се заразил во Либерија по докторите Рик Сакра и Кент Брантли, како и Ненеси Рајтбол. Сите тројца се излекувани.