Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека побарал Парламентот да обезбеди одобрување Велика Британија да учествува во воздушните напади против милитантите на Исламската држава во Ирак.
Во обраќањето на Генералното собрание на ОН, Камерон изјави дека постои јасна основа во меѓународното право за акција. Камерон, исто така, изјави дека Иран би можел да биде дел од решението во победата над заканата од Исламската држава.
Тој рече дека Лондон има сериозни несогласувања со Иран, но дека на Техеран , исто така, треба да му се даде шанса да покаже дека може да биде дел од решението, а не дел од проблемот.