Британскиот премиер Дејвид Камерон ги предупреди своите колеги дека Исламската држава е веќе докажана закана за животот на Британците, и неопходно е нивно придружување кон САД во нападите против борците на ИД во Ирак.
Тој пред Парламентот потенцираше дека се работи за брутална терористичка организација која внесе немир во две земји.
Камерон заклучи дека борбата против борците на ИД ќе трае неколку години. Гласањето во британскиот парламент за приклучување во акциите против ИД е закажано за денеска.
Досега, организацијата позната уште и како ИСИС, јавно изврши егзекуции на војници, новинари и хуманитарни работници.
Според ЦИА, бројката на организацијата се движи околу 31 000 борци.