Камион кој превезувал брашно утринава се превртел кај кабината за наплата на патарина пред Штип, којашто е во изградба.
Од МВР ни потврдија дека нема повредени во оваа сообраќајка.
– Увидот е во тек, пријавена е сообраќајка без повредени кај патарината во изградба на на автопатот Миладиновци – Штип, а во која била направена материјална штета, велат во МВР.