Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камионите „лазат“ по балканските рути -„Оpen Balkan“ во борба со бирократијата

0
By Mirjana on November 18, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што се однесува до регионот, најголеми поплаки транспортерите имаат за преминувањата со Босна и Херцеговина, Црна Гора, меѓу Албанија со Црна Гора, бидејќи немало ветеринарни и санитарни лекари 24 часа а камионите се работеле само во работно време  а ако дојдат подоцна, остануваат да чекаат за следниот ден. Кај нас не се многу скапи анализите, не се повеќе од 100 евра по камион. Додека во некои странски држави чинат од 500 до 1000 евра по камион и се многу чести анализите, речиси  50% од извозите се анализираат, вели нашиот соговорник од прехрамбената индустрија за она што е главната причина или една од причините за застојот на границите.

Реалниот бизнис од  регионот, посебно извозно ориентираните компании, со  ракоплескање ја дочекаа идејата за „Отворен Балкан“ и проекциите за намалување на времето на чекање на границите кое ги чини пари, време а со тоа и нерви. Тие признаваат дека поновата генерација политичари го имаат сфатено тоа но сметаат дека и нив ги гуши бирократијата за да ги постигнат целите.

– Многу повеќе треба да се работи на правната сигурност и имплементација на добрите идеи и сметам дека најголемите слабости се во имплементацијата а не во вољата и желбата да се направи напредок. Јас сум умерен оптимист зашто за вакви идеи слушаме околу пет години, а на терен нема никакви подобрувања, сега гледам од политичарите силна волја и тоа ми дава надеж дека овојпат ке имаме позитивни ефекти, но се плашам дека бирократијата умешно ќе ги блокира и ќе го парализира целокупниот процес односно имплементацијата на овие идеи да станат оперативни а луѓето и компаниите да видат бенефит во секојдневниот живот“, вели за НОВА бизнисмен од прехрамбено – извозно ориентирана компанија од земјава.

Покусо чекање на границите, помали трошоци и поголем извоз и работа за домашните компании, овие нешта ги наведе како бенефити соговорникот на НОВА, доколку успее проектот „Open Balkan“, бидејќи кско што вели компаниите ќе имаат полесен пристап до поголем пазар без бирократски процедури и нетарифни бариери. Тој информира дека при извозот на стока во регионот проблем не се толку нашите институции, кои според него дури и имале најдобар пристап спрема бизнисот, колку што си институциите во другите држави.

– Во некои од странските држави има многу ригиден бирократски пристап конкретно за прехранбената индустрија проблем претставуваат анализите кои се земаат кога се прави извоз во некоја странска држава и потоа робата не смее да се продава се до добивање на анализите, а доколку се работи за роба со краток рок на траење понекогаш не се ни исплати да се работи. Не можеме да кажеме дека се чека на граници 2-3-4 дена, тоа во некои исклучителни случаи и тоа се случува ретко но се чекаат анализите и робата стои во магацинот на дистрибутерот се додека не се добие резултатот од анализата. Кај нас не се многу скапи анализите, не се повеќе од 100 евра по камион. Додека во некои странски држави чинат од 500 до 1000 евра по камион и се многу чести анализите, речиси  50% од извозите се анализираат, вели нашиот соговорник од прехрамбената индустрија за она што е главната причина или една од причините за застојот на границите.

Тој цени дека кога би имало електронски систем за размена на податоци и документи би се намалил административниот товар и чекањето на границите како и договор за меѓусебно признавање на документите, дозволите и резултатите од анализите од акредитираните лаборатории. Нешто такво да претставува, беше замислено со „ONE STOP SHOP“ терминалите. Но, и како што вели нашиот соговорник, „овој систем не донесе бенефит за компаниите во поглед на прописите,процедурите и бариерите.

Што се однесува до регионот, најголеми поплаки извозниците имаат за преминувањата со Босна и Херцеговина, Црна Гора, меѓу Албанија со Црна Гора, бидејќи немало ветеринарни и санитарни лекари 24 часа а камионите се работеле само во работно време  а ако дојдат подоцна, остануваат да чекаат за следниот ден, не информира соговорникот кој сакаше да остане анонимен и како бизнис и лично бидејќи вели сега е битно да се чујат потешкотиите на кои наидуваме и да ги претставиме нашите гледања што треба да се направи за  побрз и поефикасен проток на стоки и услуги.

(М.Т.) 

 

 

 

Застои на граници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.