Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Канада ќе им дозволи на возрасните да поседуваат мали количества дрога

0
By НОВА ТВ Balaban on June 1, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тие супстанции и натаму остануваат илегални, но возрасните лица кај кои полицијата ќе ги пронајде нема да бидат приведувани или обвинувани, ниту ќе им биде запленета дрогата. Наместо тоа, ќе им бидат приложени дополнителни информации за достапноста до здавствени или социјални услуги.

Канада денеска најави дека во покраината Британска Колумбија привремено ќе биде декриминализирано поседувањето мали количества дрога.

Како што објави Би-Би-Си, пробниот период што за првпат ќе се спроведува во Канада ќе трае три години.

Според одредбите, на возрасните лица ќе им биде дозволено да поседуваат вкупно 2,5 грама опоиди, кокаин, метамфетамин или екстази.

Тие супстанции и натаму остануваат илегални, но возрасните лица кај кои полицијата ќе ги пронајде нема да бидат приведувани или обвинувани, ниту ќе им биде запленета дрогата. Наместо тоа, ќе им бидат приложени дополнителни информации за достапноста до здравствени или социјални услуги.

Британска Колумбија барањето за воведувањето на мерката го поднесе со цел лицата што користат дрога да се ослободат од чувството на вина доколку сакаат да побараат помош.

„Ова го правиме за да спасиме животи, но и на луѓето што користат дроги да им пружиме достоинство и можност на избор“, изјави канадската сојузна министерка за ментално здравје и болести на зависност, Каролин Бенет.

Градоначалникот на Ванкувер, Кенеди Стјуарт, рече дека одлуката претставува „суштинско преиспитување на политиката кон дрогите, фаворизирајќи здравствена заштита пред лисици“.

Програмата ќе трае од 2023 до 2026 година. Од неа се изземени основните и средните училишта, објектите за грижа кон децата, аеродромите и армијата. 

возрасните дрога Канада ќе им дозволи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.