Седум лица се во критична состојба, а 32 се повредени во верижната сообраќајна насреќа која се случила во канадската провинција Квебек.
Во сударот биле вклучени 40 автомобили, а причина се обилните снежни врнежи.
Пожарникарите употребиле специјални хидраулични инструменти во спасувачката операција за да можат да ги извадат луѓето од уништените автомобили.
Движењето по автопатот неколку часа било затворено во двата правца, што, пак, довело до километарски задржувања по околните патишта.