Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Канал 103 одбележува 30 години од постоењето, но место да слави прогласи 24-часовен молк

0
By Нова ТВ on April 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Радиото Канал 103 денес одбележува 30 години од постоењето, но место да слави прогласи 24-часовен молк.

-На 1 мај, пред точно 30 години, започна да зрачи Канал 103 – музичко радио создадено во рамките на јавниот медиумски сервис, но со поинаков звук, поинаков вкус и поинаква визија за светот околу нас. Со својот неконвенционален, храбар и бескомпромисен пристап, радиото  набргу стекна специфична медиумска позиција, огромна популарност и култно следбеништво главно кај младата прогресивна популација во земјава, како и сосема заслужен статус на „искра светлина во мрачните лавиринти на МРТ“. Секако, ова ќе беше невозможно без фанатичната посветеност на екипата и комплетно независната уредувачка политика. Во услови на бесконечна транзиција, брутална корупција, комплетно деградирање на сите општествени вредности и ужасна партизација на медиумите, Канал 103 остана недопрена оаза на независноста, интегритетот и непоткупливоста, како и вистински дом на македонската алтернативна музика и сцена воопшто. И сето ова е резултат на чистата љубов, искреност и ентузијазам за луѓето што ја креираат програмата еве веќе три децении, без никаков финансиски надомест. Феномен без преседан на овие простори.

Пребродувајќи ги успешно сите искушенија, сопки, навреди, понижувања, обиди за исклучувања, политички влијанија, но и внатрешни превирања, Стотројка е сè уште тука затоа што е неверојатно пргава, жилава и затоа што има мисија. Благородна, културна, едукативна, цивилизациска, општествена задача која не само што не е завршена, туку, се чини, никогаш не била понеопходна. Покрај промоцијата на добриот вкус, радиото ја препозна европската идеја уште одамна, далеку пред тоа да стане излитена флоскула. Во моментов, има свои „музички дописници“ од Лондон, Порто, Палермо, Остин (Тексас), Софија и Брисел, а вмрежено е и во две меѓународни радио платформи.

Од друга страна, за жал, Канал 103 е и културно наследство во опасност, нерегистрирано, непрепознаено и заборавено од страна на институциите. Пред околу две години радиото беше исклучено од ФМ етерот како нелегално, продолжувајќи да функционира исклучиво онлајн. И покрај сите ветувања од надлежните (МРТ и Владата) дека проблемот набргу ќе биде решен, враќањето на 103-та фреквенција никако да се случи, да дојде на дневен ред.

Затоа, на денот што го означува 30-годишното постоење на Канал 103, се одлучивме гласно да замолчиме. Ќе го исклучиме радио-стримингот и ќе емитуваме молк во времетраење од 24 часа во знак на протест против глупоста, културната неписменост, глувоста и игноранцијата на оние што се повикани и одговорни да ги одржуваат и негуваат докажаните културни и медиумски вредности во државата. Завршете си ја својата домашна работа, Канал 103 мора да се врати на ФМ скалата, веднаш!-стои во соопштението на радиото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.