Државите и компаниите кои пласирале млеко или храна со токсични материи ги губат потрушувачите засекогаш, а со тоа се губат и огромни финансиски средства. Тоа е најчесто причината што ваквите прашања се затворени за јавноста објаснуваат експерти за НОВА.
Граѓаните што ја консумираат оваа храна или млекото се соочуваат со опасност од карциноми, аномалии кај новороденчињата, спонтани абортуси. Децата се први на удар бидејќи тие најмногу пијат млеко. Згора на се кај нас млекото дополнително е со многу слаб квалитет потврдуваат во Факултетот за ветеринарна медицина.
Деновиве ќе биде унишетно 360 литри хрватско канцерогено млеко кое беше пронајдено во еден од магацините. Надлежните не одговорија како ова млеко влегло во државата.