НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кандидатите за лидер на СДСМ за своите визии

0
By Биљана Секуловска on April 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По синоќешното повлекување на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, се официјализираше почетокот на трката за негов наследник.

Досега познати кандидати се Зоран Заев како лидер и негов заменик Радмила Шеќеринска (целта е да биде востановена нова фунција), Игор Ивановски, Зоран Јовановски и Кире Наумов.

Заев, Ивановски, Јовановски и Наумов за НОВА поодделно ја образложуваат својата кандидатура:

Зоран Заев, актуелниот градоначаник на Струмица и потпретседател на СДСМ, официјално потврди: Влегувам во трката за лидер на СДСМ.

-Моите другари, Зоран Јовановски и Игор Ивановски исто така би биле одлични лидери, доколку го добијат подршка од мнозинството на Конгресот. Нудам свој концепт и визија заедно со кадровското решение кое ќе биде ставено на маса , а тоа е Радмила Шеќеринска, како мој заменик:

– Нашата идеја е да понудиме економски решенија и визија за нашата земја, кои тесно би биле врзани и со надворешната политика. Наша интенција е да понудиме алтернатива на живеење со која ќе го свртиме вниманието прво на партијата, а потоа, се разбира на нашите граѓани, од она денес што го имаат со оваа власт, изјави Заев.

Игор Ивановски, кандидат за лидер на СДСМ, најавува темелни промени и современ тим за победи- со што ја образложува својата кандидатура:

-За да бидам прецизен: по заминувањето на најсилното персонално персонално решение од СДСМ, Црвенковски, за Партијата ќе биде погрешно претстојниот Конгрес да се сфати само како можност за персонални промени и голи и нефункционални кадровски комбинаторики.

Останувам принципиелен на мојот став дека на СДСМ му треба темелна, модерна и оперативна-организациона промена.

Работам да предложам современ менаџмент и концепт и здрава екипа и тим кој ќе испорачува победи. Ако се прифати тој победнички концепт, ќе оставам членството да одлучи кој човек и тим новиот концепт најдобро ќе го спроведе, изјави Игор Ивановски, еден од кандидатите за лидер на СДСМ.

Зоран Јовановски, кандидат за лидер на СДСМ, во изјавата не детализираше околу неговиот концепт, затоа што, како што кажа, не е формална кандидатурата:

-Моето име не се спомнува случајно. Јас во моментов немам поднесено кандидатура, и до формалното поднесување нема да давам изјава.

Имам поддршка од Гордан Георгиев и Ана Павловска- Данева. Најважно е СДСМ по Конгресот да излезе силен и единствен.

Од мене нема да слушнете лош збор за останатите кандидати за лидер на СДСМ, изјави Јовановски.

Кире Наумов, кандидат за лидер на СДСМ, изјави: Одамна кажав дека ќе се кандидирам и со таа цел испратив мејл и писмо до генералниот секретар, бидејќи барам да се објави јавно, на Веб страната на СДСМ или мене да ми се даде список на сите делегати, што претставува всушност избирчаки список.

Второ, побарав да ми биде дадена можност во просториите на СДСМ да излезам со прес-конференција на која ќе биде објавена мојата кандидатура. Доколку оваа можност не е искористена од останатите кандидати, тогаш се откажувам од ова мое барање и ќе формирам во други простории штаб каде тоа ќе го сторам.

Инаку, тврдам дека никој не стои зад мене како што беше објавувано, оваа одлука е само моја, но имам поддршка од многу членови, како што и барам поддршка од буквално сите членови: новите, ветераните, избрканите, но и се разбира, неутралните, граѓаните, изјави Наумов, образложувајќи ја својата кандидатура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.