Ново продолжување на рокот за поднесување на кандидатски листи за локалните избори до 8-ми март се предвидува со предлог-измените на Изборниот законик за кои во сабота попладне ќе расправа Собранието.
Предлогот, потпишан од пратениците Силвана Бонева, Весна Бендевска, Горан Мисовски, Неџати Јакупи, следува по петочниот договор за окончување на политичката криза во земјата, постигнат на средбата на претседателот Ѓорге Иванов со премиерот Никола Груевски, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле и европратениците Ричард Ховит и Јержи Бузек.
Ова е второ продолжување на рокот за поднесување на кандидатури, откако претходно рокот беше продолжен до 3-ти март.