Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот на најголемиот пакистански аеродром во Карачи, во кој се убиени 29 луѓе.
Меѓу загинатите во тешката престрелка меѓу пакистанските сили и талибанците има 10 напаѓачи.
Сите летови од Меѓународниот аеродром Јинах се откажанни бидејќи нешто после полноќ талибанците го нападнаа аеродромскиот терминал, ја пренесува Ал Џезира, изјавата на на висот претставник на пакистанската војска генерал Ризван Ахтар, додавајќи дека сите напаѓачи се убиени.
„Го исчистивме аеродромот… Сите терористи се мртви“, рече Ахтар. Судирите на аеродромот за кој пакистанските сили официјално ја превзедоа одговорноста, траеја од неделата навечер до утрото.
Одговорноста во изјава за AFP ја презеде Сахадулах Шахид, портпарол н Движењето на пакистанските талибанци, кое од 2007 година води крвата герилска битка против Владата во Исламабад.