Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кардула со постер „На кафе во Крушево“ како поддршка за „Крушево град на културата 2023“

0
By Marta Pesevska on June 2, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 2, 2023 17:59

Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула, како поддршка за „Крушево град на културата за 2023 година“, илустрира постер „На кафе во Крушево“ инспириран од шољите за кафе на баба му.

„Крушево оваа година е град на културата па моја поддршка со еден постер инспириран од шољите за кафе на баба ми, направени од најфин порцелан, безвременски дизајн. Посетете го Крушево па макар и на кафе и осетете ја убавината и спокојот кој го нуди ( плус продолжен викен)“, порачува Кардула.

 

Постер на Кафе во Крушево. Автор: Зоран Кардула

Со посетата на галеријата „Мартиноски“ и концертот на евергрини на Камерниот оркестар од Битола „Безвременска хармонија“, пред споменикот „Македониум“ во Крушево на 27 мај и официјално почна манифестацијата „Град на културата 2023“.

Концертот на евергрини на Камерниот оркестар од Битола „Безвременска хармонија“, пред споменикот „Македониум“ во Крушево

На отворањето на манифестацијата, која оваа општина ќе ја реализира во текот на годината под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, пред присутните се обратија министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот Томе Христоски.

Во рамките на манифестацијата, во Крушево во текот на целата година ќе се реализираат голем број настани на различни локации во и околу градот.

Дизајн на постер: Теано Кардула

Реализацијата на програмата на проектот „Културен град“ е во соработка со локалната самоуправа и е од особено значење за зајакнување на културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво.

Крушевчанецот Зоран Кардула, кој живее и работи во Скопје, во август минатата година одржа изложба во споменикот Илинден што беше во рамките на манифестацијата „Десет дена Kрушевска Република“.

Во изјава за ФРОНТЛАЈН, Кардула рече дека во сеќавање му е и Star Wars сериалот кој го гледал во киното во Крушево и уште тогаш имал впечаток како Македониумот да е излезен од серијалот иако истиот е изграден неколку години порано.

Над 500 посетители на изложбата на Зоран Кардула во Крушево

Крушево, Силата нека биде со тебе…

Како крушевчанец секако дека сум фасциниран од Македониумот. Се сеќавам на почетокот на неговото градење, на отварањето и на активностите кои сме ги имале како ученици. Дефинитивно има необичен изглед и на тоа кога ќе се надоврзе местоположбата несомнемо доминира во просторот, рече Кардула за Фронтлајн.

Изложбата, инспирирана од познатиот филмски серијал „Стар ворс“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден, ја отвори Владимир Конески, професор на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

Ј. Ѓ.

Поврзано

Извор: Фронтлајн

Град на културата 2023 Зоран Кардула Крушево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

ВЕСТИ January 28, 2026

Секој ден ќе бидеме пред Влада додека не ја постигнеме целта, а тоа е зголемување…

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

January 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.