Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карпош и Струмица со најголемо аерозагадување

0
By Нова ТВ on January 28, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нивото на загадување на воздухот денеска повторно е високо. Според мерните станици на Министерството за животна средина, највисока концентрација на штетните ПМ10 честички има во скопската општина Карпош- 215 мг на метар кубен и во Струмица – 251 мг на метар кубен.

Многу високи концентрации на ПМ10 има и во скопските општини Центар-186, Бутел-162, Ректорат-207, Миладиновци 251, потоа во Битола, Кичево, Тетово -200, Гостивар, Кавадарци, а високи во Кочани, Мерните станици во Лисиче и во Гази Баба каде досега имаше екстремно високи концентрации на ПМ 10 се уште не работат.

Воздухот во Скопје од вчера е повторно со високи концентрации на ПМ10 честички, а според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на ноќта достигнале и над 300 микрограми на метар кубен.

Во Центар концентрациите почнале да се зголемуваат од вчера утро кога биле измерени 58 микрограми на кубен метар, за во 23 часот да достигнат 376 микрограми, од кога почнуваат да се намалуваат, но и натаму се далеку над дозволените. Последното мерење во Центар концентрациите на ПМ 10 честичките се 182 микрограми на метар кубен.

Во Карпош се движеле од 60 до 321 микрограми.

Кај Ректорат назагадено било синоќа од 20 до 2 часот по полноќ, кога концентрациите биле над 300, достигнувајќи до 388 микрограми.

Во Бутел според мерењата исто така во текот на ноќта било најзагадено но концетрациите достигнале до 190 микрограми.

Според законските прописи мерки се активираат кога во два последователни денови има среднодневни конценрации над 200 микрограми. Во случај кога има загадување над дозволеното, но под 200 микрограми, на сила се само препораките за користење јавен превоз, возење повеќе лица во едно возило или да не се користи возилото без поголема потреба, да не се користи за затоплување прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал, правилно користење на печките на дрва, ограничено движење и активности на отворен простор на најранливата популација, земање витамини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.