НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Касами: Не го саботиравме СДСМ, во спрега се ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on December 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на БЕСА, Билал Касами, тврди дека отсуството на пратеникот, Фадил Зендели, од седницата на собраниската Комисија за избори и именувања на која требаше да помине и Павлина Црвенковска како предлог на СДСМ за член на Судскиот совет, не е лизгачки старт на владејачката партија. Структурата на собраниската Комисија за избор и именување, чиј претседател е Илија Димовски, е шест члена од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и по еден од ДУИ и од движењето Беса. Црвенковска не го помина филтерот бидејќи исходот од гласањето беше 6:6. ВМРО-ДПМНЕ беше против, членовите на СДСМ и ДУИ беа „за“. Човекот на одлука – Зендели, го немаше во салата.

„Тој беше на службено патување. Одговорно тврдам дека немало некаква политичка заднина. Ние се обидуваме да делуваме конструктивно во Собранието, не сакаме да ги блокираме процесите. Во таа насока гласавме и за директорот на Државниот завод за ревизија. Во Комисијата за избори и именувања мнозинството, сепак, го имаат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ“, вели за НоваТВ, Касами, чија партија беше обвинувана дека летоска во неколку наврати и се приклонила на опозицијата.

Касами практично е „дете“ на ДУИ. Во периодот 2004 – 2006 беше државен секретар во Министерството за економија како член на „интегративците“, но потоа се врати на претходното работно место во царина, каде остана две години. Касами ја напушти ДУИ во 2008 година и се зачленува во Нова Демократија, која згасна во 2011 по неуспехот на парламентарните избори, одржани истата година. Истовремено бил асистент на Меѓународниот Балкански универзитет (2009–2011), а во политиката се враќа во 2014 со основање на партијата БЕСА.

Сега, како нејзин лидер, смета дека доколку ДУИ успее да преживее на овие избори никого не треба да чуди евентуалната нова владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа само би било официјализирање на прегратката меѓу партнерите кои владееја со државата под раководство на Никола Груевски цела една декада. Сосема видливо е дека и сега зад сцената беспрекорно функционира нивната спрега. Доказ за тоа, меѓудругото, е меѓусебната подрршка што безрезервно си ја даваат во Собранието и во делот на кадровските прашања за екипирање на клучни државни институции. ДУИ практицира двојна игра. Ги ужива бенефитите како коалициски партнер во Владата, но никогаш не ги прекина цврстите врски и со ВМРО-ДПМНЕ“, смета Касами.

Пратеникот Зендели денеска во Собранието зборуваше на сосема друга тема – барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување за кое веќе Законодавно-правната комисија се изјасни дека нема потреба од тоа бидејќи тој член не постои. Зендели тврди дека сè уште не го добил барањето, но нагласува дека принципиелно е против помилување и оти тоа што сега се прави пред избори е препукување или калкулации на политичките партии.

„Имајќи го предвид моментот кога е отворена иницијативата и дебатата во Уставниот суд, сега кога веќе се најавени наредните избори, ова се прави за политички препукувања или калкулации на политичките партии. Неспорно е дека лично како пратеник и како политичка партија сме биле против амнестија, затоа што сметаме дека државата и правосудните институции треба суштински да се борат со криминалот и корупцијата во државата, а не да има амнестија, а не да има аболиција. Ова посебно ако се работи за политичари од висок профил“, вели Зендели и притоа одбива да коментира за документ што не го видел бидејќи не сака стане дела „од играта на политичките партии што ја иницираа оваа постапка“.

Во изборниот процес барем што се однесува до македонскиот политички блок работите се јасни. Учесници ќе бидат СДСМ со коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата, но во албанскиот политички блок во моментов ништо не е прецизирано. Касами вели дека е во постојан контакт со опозициските албански политички субјекти, но дека засега тие разговори не дошле до степен кога официјално би и соопштиле на јавноста дека е постигнат договор за обединување. Тој е уверен оти мнозинството Албанци ја сака ДУИ во опозиција. Поради тоа тој неодамна рече дека го крева влогот и повика на сеопшто обединување на Албанците.

„Ние би сакале предизборна коалиција за да бидеме сигурни оти опозицискиот глас ќе издејствува промени во државата, но доколку не дојде до тоа, по изборите би сакале некаква соработка со Алијансата за Албанците, бидејќи ние сега сме со поблиски ставови како опозициски партии“, нагласи Касами.

Она што прилично јасно се забележува во политичкото дејствување на БЕСА е инсистирањето на партијата да се држи на пристојна дистанца и од ВМРО-ДПМНЕ, но и од СДСМ, сметајќи веројатно дека евентуалното пројавување одредени симпатии кон едната или другата страна може да претставува некаков хендикеп во целосниот нивен фокус кон албанското гласачко тело. Затоа не залудно деновиве Касами плашеше со враќање на Груевски, но не заборави да каже и дека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев „не е човек кој си стои на зборот“.

Очигледно е дека тој и неговата партија во предизборниот период тешко ќе излезат од матрицата на вечното етничко наддавање врзано за тоа кој ќе му обезбеди на албанскиот гласач повеќе права. Етнички натпревар за етнички глас. Во еден таков манир делуваше и деновиве кога се актуелизираше Законот за употреба на јазиците по забелешките на Венецијанската комисија, чие носење е апсолутно оправдано како цивилизациска придобивка за нашето општество. Касами во оваа прилика кажа дека било погрешно тоа што Законот за употреба на јазиците бил испратен до Венецијанската комисија и повика на официјализација на албанскиот јазик.

„Крајно време е партиите на Албанците еднаш за секогаш да го решат проблемот со јазикот. Албанскиот јазик треба да стане службен јазик и во Уставот, а не да се нарекува јазикот што го говори 20 отсто од населението” рече Касами.

Беса Билал Касами Комисија за избор и именувањеање Фадил Зендели
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.