„Анадолија“: Три сценарија за формирање на новата влада во Македонија

Првото и најверојатно е коалиција меѓу СДСМ/Беса и ДУИ, второто се однесува на коалиција меѓу СДСМ/Беса со Алијанса на Албанците и Алтернатива плус Левица и третото и најмалку веројатно е коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица и ДПА, е вели во анализата на турската новинска агенција

Заев: За шест години да ги затвориме преговорите и да бидеме членка на ЕУ

Подготвени сме, знаеме и можеме да отвориме 80 отсто од поглавјата до 2024 година, а за шест години од сега да го затвориме целиот преговарачки процес со ЕУ и да бидеме нејзина полноправна членка. Ова е нашата понуда за следните четири години. Точно знаме каква држава сакаме да биде Северна Македонија во 2024 година, слободна, деморкатска, европска и интегрирана“, истакна Заев

Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните со почитување на ковид мерките

Различните таргетирани групи гласачи ќе се привлекуваат на социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб, но и Пинтерест), особено младите и неопределените. Популарноста на телевизиите не се намалува и покрај популарноста на онлајн медиумите, но тука се и радијата. За претставување на кандидатите и партиските програми се користат и печатени материјали и билбордите на кои веќе осамнаа пораки за поддршка