Лидерите на Каталонија донесоа одлука да го откажат референдумот за независност предвиден за 9.ноември.
Се бара алтернатива за референдумот, јавува Ројтерс без да прецизира за каква идеја се работи.
Шпанската влада веќе подолго време најавува дека било каков референдум во Каталонија би бил неуставен, а Уставниот суд и наложи на земјата да го презакаже референдумот се додека не се утврди неговата уставност, што би можело да трае со години.
Споредистражувата, само 23 отсто од населението во Каталонија ја поддржува идејата за референдум.
Шпанскиот премиер Мариано Рахој вчера потенцираше дека Каталонците делат длабоки корени со останатите жители на Шпанија и дека шпанската влада е подготвена на разумни преговори.